184. Духовното обединување
Нема поголемо, поснажно и повкоренувачко обединување на еден народ од духовното.
185. Неживот
Неживот е кога во животот насушен надвладеале секојдневни грдотии.
186. Неизмерна трагедија
Секојдневно и забрзано старееме, изумираме и нè ништат како исконски народ.
187. Најголемо злосторство
Дозволуваме нашето потомство да го учат дека не е наше и нема свои корени!
188. Идентитети
Од сите македонски идентитети, најголема соседска и европско-американска атака се врши врзи националниот, јазичниот, културниот и историскиот.
189. Вредностите
Најсилна индивидуална и колективна одбрана: со создадени и вредности што ги создаваме.
190. Дозволуваме!
Страотно злосторство:
Деноноќно труење на народот во Македонска република, и тоа во договор и координација со мафијашката власт!
191. Читањето
Треба секојдневно да се чита книга, ако се сака умно и учено искачување по скала на свој живот.
192. Во борба
Во лична и заедничка борба за хуманизација и вреден живот, против негова деградација и сведување на голо преживување.
193. Соголена коска
Главна асимилаторсо-окупаторска цел:
Уништување на Македонците бидејќи се исконски народ, а потоа формирање северномакедонска нација.
194. Западот
Гнилиот Запад од останатиот свет направи буниште за на него да фрла свои отрови.
195. Од стар бел дедо
Сешто кажувам, докажувам и на сешто укажувам, ама нема кој да слуша стар бел дедо.