ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 323-368

Потребно време за читање: 3 минути

323. Мали и големи глави

Можат ли мали ладни глави да им се спротивстават на зовриени големи?

324. Најмногу

Надежта најмногу ја уморува неизвесноста.

325. Јуначење

Малите деца се јуначат кога играат игри на големи.

326. Несносливи бесрамни

Несносливи се бесрамните коленичења и лигавења на политикантски властодржачи.

327. Случајно откритие

Се швалерисуваат бизнисмен и партиска измеќарка.

328. Ех да ми е

Да ми е сега младоста, најмногу би ја вардел од љубовни јадови.

329. Игнорирање

Го игнорираш оти му се плашиш.

330. Доста!

Доста беше и доста е! Или сте за со народ напред или ќе ве нема оти сте против него за да го снема.

331. Порака

Мало дете на големи деца:
-Ви порача стар бел дедо дека сте му на нишан.

332. Зараза

Многу партии скоро ќе изумрат заразени од властољубие.

333. Зборовите дела

Не треба да преминува од зборови на дела оној кому зборовите му се дела.

334. Слободарски

Говорот на слободата никогаш не е говор на омраза.

335. Се спремаат

Родољубите се спремаат предавниците да ги напикаат во апсани.

336. Времето ви мина

Веќе немате време да ги смените маските на вашите безлични лица!

337. Жени

Убави и стројни жени во мојот спокој и моите радости.

338. Малодушен

Нека биде што мора да биде кога не го бидува.

339. Како никој друг

Јас како никој друг со свој громовит глас.

340. Абдали

Се фалат и куражат меѓусебно, а немаат со што да се пофалат.

341. Изроди

Море што изроди се накотиле меѓу безглави и безочни!

342. Збудалување

Будали на власт го прават народот будалски.

343. Срамотилак

А бе властољупци ниедни, како им дозволивте на говеда да ве направат магариња и магарици?!

344. Бетер од кловнови

Бре властодршци, бетер сте од кловнови. Го смеете народот со фалби и плачки властољубиви.

345. Изродот

Изродот не се раѓа. Се прави сам или го прават други, и тоа исклучиво од личен интерес.

346. Причина

Зло, омраза, поттик на непријателство-од немоќ, беда на духот и инфериорност.

347. Багра

Слуги, марионети, платеници, мафијаши, политиканти, властољупци, предавници, велепредавници-сите исти.

348. Интересот

Секогаш и во сè рамновесие меѓу личниот и заедничкиот интерес.

349. Суштинско

Во бизнисот суштинско е што добиваш, а што губиш. За богатството на животот создавањето вредности.

350. Полноќта и човекот

Денот и ноќта се изедначуваат и разделуваат на полноќ, а светлината и мракот во човекот.

351. Ништо без љубов

Ништо немаш ако своја љубов немаш.

352. Мудроста

Мудроста никогаш не умира зашто во безвременоста на човечката цивилизација остава најдлабока трага.

353. Темел на личниот опстанок

Самосвесен, самостоен, самобитен, слободен-свој на свое.

354. Можеби

Можеби ќе ме најдеш кога ќе ме нема. Ако ти требам.

355. Минливоста против траењето

Минливоста го забрзува заборавот и го обезличува сеќавањето.

356. Од памтивек

Со љубов и убавина против безочен личен интерес.

357. Не секогаш

Одвреме-навреме си требаме еден на друг.

358. Од човек

Сè од човек создадено е за постоење и опстанок на човек во суров свет.

359. По смрт

Времето брише каква било трага на лично физичко постоење.

360. Марш!

Марш бре, багро изродничка на власт!

361. Прав политичар

Правиот политичар не си дозволува да го направат политикант.

362. Ми се чини

Не сум гениј, ама понекогаш ми се чини дека сум!

363. Појаснување

Да појаснам:
Генијалец е супер талентиран тип кој понекогаш се откачува.

364. Јак дедо

Стар бел дедо:
Не се задевај со мене. Оти ако те подберам, пуздер ќе те сторам.

365. Ко

Се смееш ко будала зашто се правиш наудрен.

366. Убави жени на власт!

Што бараат убави жени на власт заедно со лигуши, платеници и мафијаши?!

367.  Сексуалните интереси

Меѓу бизнис интересите и сексуалните. Некогаш поважни и попресудни од сите други.

368. Изгубена убавина

-Жено, ич не си убава кога ме караш.
-Море ако ти врзам една, ќе ти се видам поубава од пред да те земам за маж!