Етер

Потребно време за читање: 2 минути

Во старогрчката филозофија и наука класичниот етер е елемент, а не хемиско соединение. Во грчката митологија (кај Хесиод) тој е бог на небеската светлина, син на богот на вечниот мрак Ереб и божицата на ноќта Никте, а брат и придружник на божицата на светлиот ден Хемера. Тој е персонифициран чист горен, светол зрак, небо (некогаш идентификуван со Зевс), сеопфатен небески простор, височини во кои престојуваат ѕвездите и боговите.

Најчесто се смета за небески оган, чиста есенција каде што живееле боговите и кои ја пирувале.

Грчкиот збор „aither“ потекнува од индо-европскиот корен aith-(„да гори, да сјае“). Тој се спомнува и во името Aithiopia (Етиопија), што значи нешто како „изгорена земја“.

Според Аристотел, етерот е фина супстанција која не пропаѓа и од која е направено небото. Емпедокле со тој поим го нарекол воздухот, а Анаксагора огнот. Според мислењето на некои антички филозофи, етерот е подрачје на оптички и електромагнетни зрачења. Питагорејците го додале како петти елемент на системот на Емпедокле, како составен елемент на небеските суштества. И Њутн така ја нарекува хипотетичката космичка материја која би го оправдала просторот кој го смета за неподвижна супатнција од која се создадени ѕвездите. Етерот добива голема важност во системите на некои ренесансни филозофи.

Всушност, станува збор за суптилно опкружување, како што сметале физичарите во 19. век, или избистрен воздух (во поезијата).

Макс Хајндел разликува четири етери:

-хемиски етер-го осигурува одржувањето на поединечниот облик-асимилацијата и елиминацијата на материјата;
-животен етер-го осигурува одржувањето на видот, т.е. размножувањето;
-етер-светлина-ја осигурува топлината на телото и работата на петте сетила;
-одразен етер-ги регистрира сите настани (паметењето).

Оливер Николсон истакнува дека, наспроти попознатиот раширен етер во 19. век, постариот концепт на класичниот етер имал три особини: нематеријална, да е помал спроводник на видливата светлина и е одговорен за создавање на металот заедно со поттикнувањето на развојот на сите тела. Џемс Кларк Максвел, Лорд Келвин и Никола Тесла повеќе биле наклонети етерот да го сметаат за електромагнетно поле. Во модерната физика мрачната енергија понекогаш е нарекувана суштина поради својата сличност со класичниот етер.

Во хемијата етерите се органски соединенија кај кои два алкални радикала се врзани преку кислород; се изведуваат од две молекули на алкохол со одземање на една молекула на вода. Два радикала во молекулата на етерот можат да бидат истовидни (едноставни етери) или различни (мешовити етери).

Етерите се добиваат со дехидрација на алкохол или со дејствување на алкил- халогениди врз алкохолати. Обично се течности со карактеристичен мири, нерастворливи во вода.

Во индустријата претежно се применуваат како растворувачи (на пример диетил-етер (најважен и најобичен), изопропил-етер, бутил-етер). Пареи на диетил-етер помешани со воздух лесно експлодираат. Тој многу се употребува како раствор за масти, масла, смола, восоци, алкалоиди и во многуи други хемиски процеси.

Во хирургијата служи како средство за инхалациска ансестезија (наркоза). За хируршка употреба мора да биде посебно чист (слободен од продукти на оксидација).

Leave the first comment