Едности IV, 266-275

Потребно време за читање: < 1 минута

266. Непреболна разделба

Замина во болка и нечие паметење.

267. Добра мисла

Само добра мисла за секого во нас.

268. Лет

Одлетала птица далеку од свое гнездо.

269. Љубовен танц

Танцуваат вљубени на свој небосклон.

270. Од незнаен

Трага во камен од незнаен врежана.

271. Некој со мене

Ме следи некој што е долго со мене.

272. Фотографии

Чувам албум со фотографии на безимени.

273. Цветна градина

Во цветна градина една цветна убавина.

274. Ледена насмевка

На мртво лице последна насмевка.

275. Поврвнина

Езерска поврвнина и ѕвезди над неа.

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих слушајќи говор и пој на птици