ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 266-270

Потребно време за читање: < 1 минута

266. Без живот

Крај бистра река угаснато огниште.

267. Светулка

Светулка ми осветлува беспатје во темница. 

268. Шепоти

Слушам шепоти на живи и мртви ближни.

269. На раздалек

Ниту бевме, ниту сме блиски на раздалек.

270. Без врска

Немаме врска јас и ти незнајни.