Потребно време за читање: 2 минути

Колку е важен насловот на една книга? Се чини, во нашево време сѐ повеќе. Можеби, кога е маркетингот во прашање, е поважен и од самата содржина (?!). Согледувајќи го токму тоа, едно британско списание од 1978. секоја година ја доделува наградата „Дијаграм“ за најбизарен наслов на светот.

Британското списание „Bookseller“ ја доделува наградата за најнеобичен наслов на книга, и тоа по пат на гласање на читателите. Наградата е шише шампанско!

Таа е секако едно од „најоткачените“ признанија-има најдолг стаж на промотор на вкоричени бизарности. Се доделува еднаш годишно откако во 1978. неминлива слава заслужи „Записи од другата страна на меѓународната работилница за голи глувци“.

Идејниот „виновник“ за натпреварувањето е колумнистот на „Bookseller“ Horace Bent, а правилата се крајно едноставни: делата ги номинираат издавачите, книжарите и книжарниците, потоа листата на финалисти ја одредува жири, за најпосле за победникот демократски да одлучат читателите, и тоа по пат на online гласање.

Прочитај и за ... >>  10 најсексипилни жени на светот

Содржината на книгата е сосема неважна-се смета само насловот. Исто така, сите наслови-кандидати мора да бидат навистина објавени зашто жирито неретко знае да открие подметнати, измислени. Истовремено, некогаш е тешко да се поверува дека авторите помеѓу сите можни комбинации на зборови се одлучиле за онаа што гордо стои на насловната страница.

Во 2008. година, по повод 30-годишнината на наградата, се избираше книга со најбизарен наслов во последните три децении. Натпреварот беше исклучително неизвесен, а победи насловот „Грчки селски поштари и нивниот повикувачки број“. Тој во последен момент го претекна фаворитот на обложувалниците „За луѓето кои се уште не знаат дека се мртви: На кој начин се врзуваат за невини пасивни посматрачи и што да се преземе во врска со тој проблем”, награден во 2006.

Еве некои наслови кои купувачот може да ги пронајде на полиците на книжарниците:

„Madamme“ како претприемач: Управување со кариерата во куќната проституција“;
„Природно зголемување на градите со целосна моќ: Како да се унапредат преостанатите 90% од вашиот ум за да ги зголемите вашите гради“;
„Како да се врши голема нужда в шума: Еколошки пристап кон изгубената умешност“;
„Лезбиски садомазохистички сигурносен прирачник“;
„Како да се избегнат големи бродови“;
„Радостите на сексот-џебно издание“;
„Да се живее со луди задници“;
„Голема книга на лезбиски приказни за коњи“;
„Заштитете го својот коњ од бомби“;
„Колку зелените биле нацисти?”;
„Тетовирани жени од планиското подрачје и дагестански кутии со прибор за јадење“;
„Метафизика на павијанот“;
„Големото сито и неговите апликации“;
„Рабна консултација на дебелото црево“.

Прочитај и за ... >>  Кинеските милијардери и нивната „мачна" живеачка

За „Рачноплетечки авантури на хиперболичка рамнина“, Daine Taimine ја доби наградата, а најголеми конкуренти ѝ беа „Каква мешунка е оваа Chihuahua?’, која се пласира на второто, и „Лажици од Третиот Рајх за собирачите“, на третото место.

Награденииот наслов го носи трудот на математичарката Дајан Тајмин, која работи на Корнел универзитетот во Њујорк.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here