Думање на голем и мал човек, 630-713

Потребно време за читање: 4 минути

630. Немате моќ да фрлите сè во заборав. Поготово не жртвите на вашите игри и интереси.

631. Ниту големите можат без мали, а големи, ниту мали можат под големи да станат големи.

632. Јас одамна никаде не брзам. Зашто е сè помалку важно дали ќе стасам совреме.

633. Далеку пред сите-сам.

634. Веќе не се надеваш на ништо заедно. Дека сте близу, но многу далеку.

635. Плукаш, а ветрот на промената прави да се плукаш себеси.

636. Кој те научи да бидеш против по секоја цецна, а не и дека некогаш најмногу вреди да си воздржан?

637. Според гласноста те познавам.

638. Бегаш од мене дека сме многу потребни еден на друг.

639. Храброста и решителноста се од суштествено значење за политичар наместо.

640. Живеам за себе и за ближни, а создавам за секого.

641. За човек во години секој нов ден е продолжено време на постоење.

642. Стресен живот-неизлечива болештина.

643. Заедно сме зашто имаме многу заеднички и многу различни нешта.

644. -Не запираш барем за миг?
-За миг не. За крај кога ќе ми дојде крајот.

645. Само интерес и безогледност:
Време на војна за мир?!

646. Човештина:
Да се прави и создава добро за сите.

647. Опитен внимава на секоја своја постапка и свое однесување пред секого.

648. Молчам пред тебе оти немам што да ти доречам.

649. Умноста се докажува со промислен ислаз за состојба, ситуација, дејствие, делотворност.

650. Исти чувства во мене и во тебе. Додека сме заедно, а и кога не сме.

651. Гледам, следам, слушам, заклучувам и гласно мислам.

652. Соработката не познава условување и уценување.

653. Игнорирање и ароганција на аздисана власт.

654. Секогаш е малку кога наместо доволност владее потрочувачка психологија, која намерно погрешно се определува како менталитет.

655. Потреби и можности, наместо желби.

656. Се крепат еден со друг вљубени двајца во години пред крајот на своите животи.

657. Трета (хибридна) светска војна против повампирениот европски наци-фашизам?! Почната е-се разгорува?!

658. Кражбата на народот и неговата држава Македонија продолжува со несмалено жестоко темпо!

659. Новото прекројување-престројување на планетата Земја (на држави на народи и малцинства) ќе трае долго, а за многу сегашни држави ќе биде болно, па и трагично. Особено за малите и воено-економски слабите.

660. Политичкото животно многу лесно и брзо се претвора во граблив политикантски ѕвер.

661. Кој минал низ сито, не си легнува на брашното.

662. Морков и стап за прле пред магаре.

663. Без ум-без љубов.

664. Партократи властодржачки на чело на војски на смртта.

665. Бизнисот и профитот на големите земји или културата и творештвото на малите? Можна е синергија во мир?

666. Многу веројатно!
Скорашно напуштање на ЕУ на земји-членки, пред сопствено самоуништување.

667. Воени игри играат големи затоа што се големи, а обеснажени.

668. Или неминовен пад или нов подем.

669. Итроштина пред мудрост никогаш. Итроштина и лага секогаш наспоредни.

670. Профитерството е најголем непријател на развојот на човечката цивилизација.

671. Јас творец:
Што ме тера да продолжам да творам? Не знам. Ќе речам ништо.

672. Не сум сам, а како да сум.

673. Тежеста на годините ја издржувам на нозе и покрај сè.

674. Добро, само здравје. Но, што со него?

675. Тишина и спокој во самотен час.

676. Човек со свој свет, свој ред, свои навики и своја животна филозофија.

677. Имам многу недокажано за љубовта.

678. Бистар ум-бистар поглед.

679. Да работиш работа што ја сакаш и те сака.

680. Немаш зборови со кои би можел да го искажеш она што си го чувствувал, а веќе не.

681. Не разбираш што се случува, но си убеден дека допрва ќе се случува.

682. Не е добро да оставаш нештата сами да се средат или надминат. Такви какви што се и тебе ќе те обземат.

683. До најдлабоко на виделина. И тоа брзо, ефикасно и решително.

684. Пријателите се за секогаш. Не само кога не можеш без нив.

685. Љубовта е одамна длабоко во мене.

686. Одам натаму дури ме држи снагата.

687. Не стекнав ништо, а создадов многу-грандиозно мислечко и книжевно творештво.

688. Голем творец, а безначаен.

689. Никој не ми е крив дека чесноста отсекогаш ми била и до смрт ќе ми биде водилка.

690. Не мора вака зашто секогаш може инаку.

691. Стемнето ми е пред очи, но не запирам оти сум уште на нозе.

692. Ни трага во живот, ни трага по смрт. Можеби во лично време.

693. Неизмерна, недостижна, непреболна-нестварна љубов.

694. Нема што да чекам ни денес, камо ли утре. Сè помалу радост и сè поголема рамнодушност во нов ден.

695. Украдено богатство од народот е проклетство.

696. Не се сокрива долго задна намера. На пример да војуваш зашто не можеш да опстанеш во мир.

697. Времето не чека да му се прилагодиме. Очекува да го прифатиме како наше.

698. Слушај и прави како што вели народот. Не си, ниту можеш да бидеш поумен од него.

699. За нечесните богатници животот нема никаква цена.

700. За пресметлив нема ништо што не може да се пресмета.

701. Пред почеток на војна политикантските предводници веќе не го кријат своето лицемерие.

702. Не за љубов, туку во љубов се потребни двајца.

703. Почна самоуништувањето на ЕУ. Со подготовка на повампирените наци-фашистички земји за светска војна.

704. Нема ништо за човек за кого нема ништо во сенешто.

705. Велиш добро е зашто е за тебе добро? Штом велиш, нека биде добро.

706. Човек во мир вели дека мирот е за мир во мир.

707. Нужна е свесност за иднината на човечката цивилизација. Вредности и слободен творечки дух пред сè.

708. Политикантот не знае, ниту го интересира што е конструктивен активизам, а што деструктивно дејание.

709. Сме биле за да не сме?! Мораме да бидеме!

710. Живуркам и со мои грешки непоправливи.

711. Биди секогаш за. И кога си против.

712. За паметење или за заборав. За ништо друго.

713. Радосно ни е што не сме се заборавиле.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXIV