ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 478-587

Потребно време за читање: 5 минути

478. За почеток е доволно власта да се однесува како да не постојат договорите со Бугарија и Грција.

479. Знаеш зошто е светот сè попрост и посуров? Затоа што е сè пониско нивото на култура на читање, гледање и слушање.

480. Тонеш Македонијо, тонеш!
Му доделуваш награда за животно дело на „мултимедијален уметник“-глумец на вицеви!

481. Горан Димитровсски:
-Podcasts-сериозна закана за телевизија и радио.
Јас:
-Ние прерано, пред дури 20 години го имавме единственото можно радио денес-на кое ни podcasts ништо не му може: Гром радио.
И тоа како one man radio.
Единствена грешка ни е што не го крстивме Радио паноптикум.

482.-Кој е тој?
-Под честа ми е да му го спомнам името.

483. Паметење:
Беше голем визионер, а се мајтапеа со него. И скришно му крадеа од умноста.

484. Ноторно:
Ако за награда конкурирале медиокритети и незаслужни за неа според утврдени критериуми, наградата не се доделува!

485. Тешка ступидарија:
Конкурирање-самокандидирање за највисока државна награда!

486. Светот на распаќе:
Природна-слободна, наспроти вештачка-контролирана-манипулирана-ропска интелигенција.

487. Медиокритет, самонаречен „мултимедијален уметник“(!), создал животно дело?!

488. Ништо не ми можете откога не можете ни да ми се доближите.

489. Кој не те знае, и евтино те плаќа скапо.

490. И може и сака, ама нема поим.

491. Политичар-колку тоа педерски звучи!

492. Не ги терајте во три лепи, туку во три грди!

493. Од него и широки и темелни знаења.

494. Во земја на медиокритетство најголема награда за грандиозна мислечка и творечка личност е да не му се додели никаква награда.

495. Светлосни години далеку од подлец и никаквец.

496. Знаеш дека јас те знам најдобро, па бегаш од мене ко од оган.

497. Мислам дека е важно за мене како мислечка и творечка личност, треба да се потенцира и е интересно:
Единствен сум македонски автор, а мислам и единствен на светот кој континуирано-секојдневно, со години на ред наспоредно создава и истовремено објавува на Интернет 14-15 разновидни дела (и низа нови книжевни жанри)!

498. Години со дела-за промислување.

499. Решително и непоколебливо пред скок од место. Или за прв чекор кон догледна и јасна цел.

500. Чекајќи може нема да задоцниш, но секако ќе заостанеш.

501. Учиш цел живот за живот.

502. Доволност за задоволство.

503. Дали надминатото во минатото те спокои денес?

504. Никогаш сами заедно, откога те знам.

505. Профитот е најголемиот несопирлив убиец на денешната човечка цивилизација.

506. Самосвест, рамнотежа на емоциите и животворна енергија-за човечко во човек.

507. Застани, здивни, па најпрвин во себе пресечи решително:
Доволно е!

508. Масовна и брза умирачка-од неизлечива зависност.

509. Да се докажуваш на себеси и на никој друг.

510. Сиромаштија значи немаштија, а не (пре)скапа имаштија.

511. Соседска и велепредавничка војна против македонството-идентитетската самосвест.

512. Самонаречен македонски мултимедијален уметник, познат како глумец на вицеви, создал животно дело за највисока државна награда?!

513. Недвојбено:
СДСМ дејствува како опозициона кловновска партија со кловновска врхушка и кловновско членство.

514. Вели аполитичен:
Политиката ме интересира, а политичарите не.

515. Единствено дело меѓу вчудовиденост и восхит.

516. Би го менувал животот со друг? Не, туку би менувал некои нешта во него, а во некои би бил друг.

517. Јас за нив јавно зборувам, а тие мене тајно ме слушаат. Како да се плашат да не ги откријам.

518. Не сум пропуштил многу можности, туку неколку не сум знаел да ги искористам.

519. Само зло врз народ од изроди, туѓински слуги и политиканти.

520. Ех, кога младите години би ги имале умноста и опитноста на старите.

521. Само да не се вратиш предоцна во твоето домашно огниште.

522. Меѓу твоите многу љубови не е и мојата.

523. Мудра река понорница избива на виделина пред безумна пустина.

524. Умни градат за живот, будали уриваат до смрт.

525. Лагата бега од вистината? Не. Само не сака да се соочи со неа.

526. Никој си и ништо кога на свое не си свој.

527. Не те признаваат, дури те понижуваат зашто знаат колку многу вредиш.

528. Оставаш само своја трага меѓу паметење и заборав.

529. Уставната будалаштина „делови од народи“ :
А Македонците во Македонија не се дел од народот македонски?!
(Како Македонците во соседните земји и сегде во светот.)

530. Не се ни обидувам да солам нечија памет. Поготово не на зол човек.

531. Се сојузиле алчност и себичност во човек и од него направиле политикантски бизнисмен.

532. Нема поголема животна радост од раѓање на животворен живот.

533. Обичен смртник во претсмртен самотен час.

534. Емоции и рационалност во исто време на човечно постоење на човек.

535. Вредност за пари? Не, туку пари за вредност.

536. Исто како да го нема оној што веќе ни на сопатник не му треба.

537. Творецот во себе го докажува делото, а и делото во себе го докажува својот творец.

538. Јас со тебе во твое време некое време.

539. Никаков знак на мојот пат кон тебе.

540. Цел живот:
Виделина-воздив-плач-смеа-тело-мисла-збор-дело-сенка-издив-мрак-тишина.

541. Додека постоиш да постоиш. Залудно постоиш ако не постоиш.

542.-Он е мртов.
-Зарем беше жив?!

543. Не знае ништо за мене оти не се познаваме.

544. Предоцна разбраа дека еден поет е умрен одамна.

545. Смрт и пустош на сцена, воени игри зад кулиси.

546. Младите бараат можности, а старите се надеваат дека ќе дочекаат тие да решаваат за својата сегашност.

547. Мала грижа дека беше со оние. Уште помала ако бидеш и со овие.

548. Голем си и мал ако никој не стои зад тебе.

549. Се обѕидуваш за да се браниш од појаки и помоќни.

550. На мојот небосклон слободна птица што пее.

551. Плодна земја за живот.

552. Смртта не ти значи ништо, ако има зошто да живееш.

553. Думи по долго думање.

554. Секоја чест! Губиш сила, но ти продолжуваш да туркаш напред.

555. Нашиот крај одамна. Мојот не докрај, а за твојот не знам.

556. Моето дело живо во безмерна тишина.

557. Те има, а те нема или и те има и те нема?

558. Макар миг со нешто од тебе.

559. Да се чудиш:
Дете на политичар и политичарка најдобар ученик!

560. Он умрел? А зошто живеел?

561. Не го знам човекот со кого се разминав, а ми посака сè најдобро.

562. Да се помагаме секако.

563. Што е за денес-денес, што е за утре-денес и утре.

564. Не е добро кога мораме многу повеќе, отколку што сакаме и можеме.

565. Интересот меѓу поединци или заедници е секогаш прво обостран, а потоа еднаков доколку е тоа можно.

566. Ниеден залуден чекор напред.

567. Опасно е за тебе да сториш што било против волјата на народот. Он ќе те казни жестоко.

568. Не си конструктивен кога свесно не разликуваш или не разграничуваш добро од лошо.

569. Оттргнато од заборавот зашто не може да се збрише и мора да се памети.

570. Веќе одамна немаш љубов само за мене.

571. Сè во свое време од моето и нашето.

572. Тоа што е од мене нека е додека сум. По мене може да е, а може и да не е.

573. Не ми е право, ама веќе нема време за исправање.

574. Ти ме немаш засекогаш, а јас те имам секогаш.

575. Живееш за себе, за друг и за други. Ако најмногу за себе, со тебе тешко заедно што било.

576. Како тоа стар и немоќен, а влијателен?!

577. Не ти е трудот за на пазар, туку за човекување.

578. Не во бестрага, туку во потрага.

579. Исто ти и со малку и со многу.

580. Културата ни е на дното?! Затоа ние никако на површината.

581. Никогаш нема да ми биде сеедно без тебе.

582. Повеќе од половина век живот во себе и грандиозно мислечко и книжевно творештво на човек човечен.

583. Макотрпно создавање и мачнина поради никаков возврат.

584. Без престан и покрај сè. До последен издив.

585. Ако ме побараш, можеби ќе ме најдеш кај што сум.

586. Веќе секој нов ден не како почеток, туку како уште едно продолжение.

587. Човек на свое место се срами од незаслужена награда или признание за безначајно дело.