Потребно време за читање: 5 минути

27. Беља, Неола, Неволја, Несреќа

Македонски народни пословици

Беља со пари си купи,

затоа се мачи.

Бељата беља докаруа.Добро утро му реков, бељата си ја најдов.

Куртулисал арамијата од една беља, паднал на друга.

Му дојде бељата на глаата и пак не се сеќаат.

Пари дадов, бељата си зедов.

Си ја бара бељата тој што бара да најди змија и да ја тепа.

Си ја најде бељата во торбата.

Уште една беља не помина, втасала друга.

Има умирачка за нестреќа и за стреќа.

Во неола се фрли, дури го сработи.

Неоалата викни ја секаде да ти помага.

Неолата ум дават на чоека.

Од неволја баба молја.

Пословици на народите на светот

За туѓата неволја-по ручекот. (Татарска)

Несреќата е извонреден лек кој наеднаш лечи од многу болести. (Кинеска)

Несреќите се школи на мудроста. (Италијанска)

Тагата на несреќникот ја разбира само несреќник. (Арменска)

Малите несреќи нè ослабуваат, големите нè претвораат во камен. (Бенгалска)

Ветрот в лице го опаметува човека. (Француска)

Каде, несреќо? Во куќата на уметникот. (Грчка)

Секој човек за својата несреќа обвинува други. (Корејска)

Несреќниот човек и кога ќе падне на пердуви крши глава. (Корејска)

Силните дождови не траат долго. (Холандска)

Еден камен никогаш не паѓа сам. (Белгиска)

Не е доволно што е куќата полна со несреќа, туку пред куќниот праг има уште една полна кола. (Германска)

Ако ти дошла несреќа, на друга отвори ѝ врата. (Руска)

Парите раѓаат пари, а несреќата несреќи. (Руска)

Кој се плаши од несреќа, нема ни да види среќа. (Руска)

Несреќата е како поплава; потопува сè, а потоа се повлекува. (Руска)

Со несреќите е исто како и со кивањето: едно ретко кога доаѓа само. (Шпанска)

Несреќата може да биде мост кон среќа. (Јапонска)

Невоља- Несреќа

Латински цитати- изреки и пословици

Ниедна несреќа не доаѓа сама. (Calamitas nulla sola.)

Во неволја не заборавај дека ќе дојдат подобри времиња (По дожд сонце свети.) (In rebus adversis meliora sperare memento.)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА 10

Туѓата несреќа е корисен пример. (Aliena mala utile exemplum.)

Двојно е несреќен оној што бил среќен.

Пријателите на несреќниот човек се далеку.

Рекле, издумале

Од животот не барај повеќе одошто тој може да ти пружи. Тоа е единствениот начин да не бидеш несреќен.
Луи Франсоа Веијо

Никогаш не сме толку среќни ни толку несреќни како што мислиме.
Франсоа Ла Рошфуко

Ние имаме доста сили да поднесеме туѓа несреќа.
Франсоа Ла Рошфуко

Има два вида несреќи: нашата несреќа и среќата на други.
Амброз Биерс

Несреќата што веќе ја нема никогаш не ни постоела.
Мари Жозеф Шение

Несреќата привлекува несреќа.
Ерих Марија Ремарк

Кого било да видиш несреќен, знај дека е човек.
Луциј Анеј Сенека

Еднаш ќе го најде несреќата оној што често минува покрај него.
Луциј Анеј Сенека

Многумина откако стекнале богатство не го пронашле крајот на своите, туку на други неволји.
Луциј Анеј Сенека

Колку е некој попрефинет, толку е понесреќен.
Антон Павлович Чехов

Човек може да ја сфати несреќата само до извесен степен. Кога ќе го мине него, несреќата го уништува или го остава рамнодушен.
Јохан Волфганг Гете

Најголемите неволји се наоѓаат таму кај што не ги бараме.
Јохан Волфганг Гете

Само неволјите на животот нè учат да го цениме добриот живот.
Јохан Волфганг Гете

Несреќата ја одгледува интелигенцијата.
Виктор Иго

Несреќата ја зголемува нашата смисла за пријателство и љубов.
Фридрих фон Харденберг дит Нов

Не отстапувај пред неволјата, туку хабро тргни ѝ во пресрет.
Вергилиј

Несреќата доаѓа на крилја, а заминува ползејќи.
Франсоа Волтер

Ако сте несреќни, сетете се на оние што се понесреќни од вас. Тоа е проверен рецепт.
Мадам д Ментнон

Несреќата нè потсетува на Бог.
Тит Ливиј

Претчувството е првиот чекор на несреќата.
Меша Селимовиќ

Несреќата е како оган, стопува сè освен злато.
Меша Селимовиќ

Секогаш сите знаат за несреќа зло, само доброто останува сокриено.
Меша Селимовиќ

Во несреќа луѓето ги јакнат своите добри, но и лоши особини.
Герхард Граф

Човекот може да избегне несреќа штио му ја испраќа бог, но нема спас од оние што самиот си ги навлекува на себеси.
Лав Толстој

Несреќата ја зголемува нашата смисла за пријателство и љубоб.
Новалис

Несреќа на среќата е заситеносрт. Среќа на несреќата е надеж.
Гастон Леру

Понекогаш несреќата му влева на човекот моќ, живост и своевиден елан, сличен на она што може да го даде и најголемата среќа.
Франсоаз Саган

Лудо е да се жалиш на несреќа кога вината е твоја.
Публилиј Сир

Неволјата ги тера дури и чесните луѓе да лажат.
Публилиј Сир

Има малку работи кои ќе ги одоброволи луѓето повеќе отколку кога ќе им раскажеме за голема несреќа што не снашла неодамна.
Артур Шопенхауер

Најсигурен начин да станеш мошне несреќен е тој да не бараш да бидеш мошне среќен.
Артур Шопенхауер

Не е вистински верник оној што некои несреќи не ги вбројува во благодати, а некои задоволства во несреќи.
Мухамед

Слаба е утехата од туѓи неволји.
Марко Тулиј Цицерон

Има луѓе кои повеќе се радуваат на туѓа несреќа, отколку на својата среќа.
Бранислав Нушиќ

Помеѓу пријателите не треба да се сакаат само оние што ги натажуваат нашите несреќи, туку и оние што не ни завидуваат на среќата.
Сократ

Несреќа е да се живее без Бога и да се изневери верата на отците.
Иво Андриќ

Никогаш не верувај на совет на човек во неволја.
Езоп

Туѓата несреќа на луѓето им е најдобар лек на сопствената.
Езоп

Несреќата ги открива оние што не се вистински пријатели.
Аристотел

Не се вознемирувај поради ситници или општи и неизбежни несреќи.
Беџнамин Френклин

Никогаш не очекувајте неволји и не грижете се за тоа што можеби никогаш нема да бидат. Останете близу до сончевата светлина.
Бенџамин Франклин

Неволја е кога човек нема доволно интелигенција добро да каже или здрав разум внимателно да молчи.
Жан д Ла Бриер

Неволјите не доаѓаат сами, но и среќата не доаѓа сама.
Ромен Ролан

Мирот во душата е надојбро олеснување во неволја.
Тит Мациј Плаут

Ако гори вашиот сосед, неволји ви се закануваат и вам.
Квинтиј Флациј Хорациј

Возбудата предизвикана од страв не е пропорционална на опасноста, туку на нашето исчекување на несреќа од која се плашиме, без оглед дали е стварна или измислена.
Бернард Мандевил

Секој човек е лукав и мудар кога е збор за туѓа несреќа, но не може да ја сфати својата.
Даниел Заточник

Големите несреќи лесно можат да ги преминат сите клисури.
Леонид Максимович Леонов

Ќе ги препознаете своитге пријатели во неволја. Во неволјите на пријателите се препознавате себеси.
Лешек Кумор

Оние што сакаат помош во неволја ја сакаат и самата неволја.
Генади Малкин

Неволјите не доаѓааат како бура. Приоаѓаат со тивки гулабови чекори.
Фридрих Ниче

Ако сте му помогнале на пријател во неволја, сигурно ќе се сети на вас кога повтортно ќе биде во неволја.
Артур Блох

Човек кој не гледа далеку сигурно ќе се соочи со неволји.
Конфучиј

Најскапи ни се оние катастрофи што никогаш не ни се случиле.
Томас Џеферсон

Луѓето се наклонети да ја обвинуваат судбината, боговите и што било друго за своите неволји, но не и себеси.
Платон

Сите човечки неволји призлегуваат од фактот дека уживаме во она во што треба да уживаме и да го користимо она во што треба да се ужива.
Џилбер Честертон

Од секое минато на тага можете сами да исковате оружје против надоаѓачка катастрофа.
Вилхелм Фишер

Ако не се научите да се смеете на неволји, во староста воопшто нема да имате на што да се смеете.
Едгар Хови

Во сите неволји што нè снаоѓаат повеќе внимание им придаваме на намерите. Понекогаш ударот ја промашува целта, но намерата не може да промаши.
Жан Жак Русо

Неволјите на пријателот ги перцепираме со одредено задоволство што ни малку не исклучува пријателски чувства.
Ирис Мардок

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here