Потребно време за читање: 8 минути

156. Дипломатија

Држава во распаѓање, со народ пред целосно разнебитување, ниту има, ниту ѝ треба каква било дипломатија-голема, мала, учена, неука, вешта, наивна, со голи раце или во ракавици. Во таква дури не се знае што е тоа дипломатија. Исто како она со жабата и потковицата: видела таа како на коњот му ставаат потковица, па и она дигнала нога.

Употреба или злоупотреба на дипломатијата? Употреба како одбранбена вештина, со ученост и умност, нејзина злоупотреба со лажги, крадби, секакви распродажби и безумни дворски игри за туѓи интереси.

Дипломатијата најблиска до итроштината, дури секогаш заедно? Тоа не е далеку од вистина, но да се има предвид дека итроштината не излегува на мегдан со умноста и знаењето.    

Македонски народни пословици и изреки

Никој од умни ем учени во светот, кои претставуваат и застапуваат асолни држави, не те есапи ни за жив ко итроман.

На итроштината не ѝ помагаат бели ракавици.

Вештина на бранител на државни интереси:
Мериш, одмеруваш, премеруваш меѓу силни и слаби, па најсетне сечиш решително со добродушна насмевка.

Пословици и изреки од народи на светот

Дипломатите се од два вида: едни читаат весници и знаат понешто, а други не читаат весници и не знаат баш ништо. (Француска)

Дипломатите се радуваат на убаво време. На лошо се во заветрина. (Италијанска)

Дипломатијата е нужна и за почнување и за прекинување војна. (Германска)

Во дипломатијата е најважно да знаеш како да носиш маска. (Руска)

Има дипломатија што се потпира на сила, и таа е најслабо, неретко бескорисно оружје, и има дипломатија што е сила при егзистенцијална самоодбрана. (Кинеска)

Латински изреки

Вистинскиот дипломат е шпион.

До пред прв испукан куршум, војната се вика дипломатија.

Добар дипломат е јасен и кога мора вешто да заматува.

Домисла, гесло, мисла водилка

Дипломатијата е прашање на опстанок во следниот век, а политиката прашање на опстанок до утре.
Анонимус

Дипломатија е да се кажат и направат најлоши нешта на најубав начин.
Анонимус

Разликата меѓу дијамантот и дипломатијата е во тоа што дијамантот се бруси додека не стане совршено прозрачен, а дипломатот се бруси и усовршува додека не стане сосем непрозрачен.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако сте економски ранливи, тоа има огромен ефект врз вашето политичко влијание и дипломатските возможности.
Нуриел Рубини

Ако прашувате дали државите и државните актери можат да одговорат само преку одмазда, тогаш претполагате дека дипломатските решенија се безнадежни.
Џудит Батлер

Би сакал да мислам дека најдобриот уништувач на бункери е дипломат.
Скот Ритер

Бог, роден екстремист, е најголемиот непријател на дипломатијата. Без разлика што Неговите декрети се неотповикливи, Апсолутот нема да дозволи никому да ги релативизира нештата.
Режис Дебре

Британското образование е веројатно најдоброто на светот ако сте способни да го преживеете; во спротивно, не ви останува ништо подобро од дипломатскиот кор.
Питер Устинов

Во нашето дипломатско лулање има многу други стрели.
Кондолиза Рајс

Во таков мал град каде што секој живее еден за друг, многу е важно да бидеш добар дипломат.
Стефани Маер

Важниот придонес на превентивната културна дипломатија во архитектурата на безбедноста во Европа и во целиот свет несомнено ќе биде придонесот на војните што немаше да се случат поради создавање неколку механизми за демократски дијалог и зајакнување на соработката со граѓанското општество.
Емил Константинеску

Во сегашните околности, дипломатијата е сложена уметност.
Кристијан Жак

Воената стратегија… се претвори во дипломатија на насилство.
Томас Шелинг

Врвот е кај оние кои се залагаат за промена на режимот, а не кај оние кои се залагаат за поголема дипломатија.
Ричард Хас

Главното правило на дипломатијата е секогаш да брзате да му помагате на победникот.
Жан-Кристоф Гранже

Децата имаат способност да прават компромиси на која дипломатите би можеле да позавидат.
Торнтон Вајлдер

Дипломат-тоа е човек кој ви дозволува да зборувате што сакате, додека тој добива што сака.
Кин Хабард

Дипломат-тоа е човек кој го памети роденденот на една дама, но ја заборава нејзината возраст.
Роберт Ли Фрост

Дипломатскиот мир сè уште не е вистински мир. Тоа е суштински чекор во мировниот процес кој води кон вистински мир.
Јицак Рабин

Дипломатичност е да му дозволиш на некој друг да го има твојот пат.
Лестер Пирсон

Дипломатичноста е уметност да повторувате „Добро куче“ додека не најдете стап.
Вил Роџерс

Дипломатијата слуша што сака другиот човек. Задржување на сопствената позиција, но слушање на другиот човек. Треба да развивате односи со другите луѓе, така што кога ќе настапат тешките времиња да можете да работите заедно.
Колин Пауел

Дипломатот секогаш знае што да праша кога не знае што да одговори.
Константин Мелихан

Дипломатот е должен да умее да види човек без да гледа кон него, и да гледа човек без да го види.
Жак Тати

Дипломат е човек кој е многу платен да размислува долго пред да не каже ништо.
Двајт Ајзенхауер

Дипломатот е човек кој двапати се премислува, а потоа ништо не кажува.
Винстон Черчил

Дипломатот е човек кој мисли двапати пред да каже ништо.
Едвард Хит

Дипломатот е човек кој може да ве испрати во пеколот со такви зборови што ќе тргнете на пат со голема радост.
Џејмс Борг

Дипломатот си го копа сопствениот гроб со лажица, вилушка и чаша.
Андреј Громико

Дипломатија-дејност со неодредено значење, но повисока од трговијата.
Гистав Флобер

Дипломатијата е уметност да не бидеш кретен во однесувањето меѓу голем број луѓе или барем да можеш да се согласиш дека сите понекогаш сме кретени, но зошто не се обидуваме да се успокоиме?
Том Филипс

Дипломатијата е уметност на владеење со силите.
Хенри Кисинџер

Дипломатијата е како добро сметководство. Тој не ти верува, ти не му веруваш-тоа значи дека рамнотежата е во совршен ред.
Вил Роџерс

Дипломатијата е способност да се испрати човек во пеколот така што тој да се подготви да патува.
Жан Кокто

Дипломатијата е тенкото оружје на цивилизираниот воин.
Роберт Асприн

Дипломатијата, ако се практикува правилно, не е само да се зборува за да се зборува.
Кондолиза Рајс

Добриот дипломат умее да извлече полза дури од своите неуспеси.
Валентин Пикул

Доларската дипломатија бара многу долари и многу малку дипломатија.
Вил Роџерс

Дипломатијата е вештина да се зборува кога нема што да се каже и да не се каже ништо кога има што да се каже.
Двајт Ајзенхауер

Дипломатот е човек кој е одлично платен само за добро да размисли пред ништо да не каже.
Двајт Ајзенхауер

Дипломатијата е најдолг пат од една точка до друга.
Адријан Декурсел

Дипломатите ги измислија за да губат време.
Дејвид Лојд Џорџ

Дипломатијата е уметност, а тоа е ако сте некој друг што има свој пат.
Давид Фрост

„Дрскост, дрскост, секогаш дрскост“-мото кое добро функционира на бојното поле, но не толку добро во дипломатски ситуации.
Бил О’Рајли

Ефективната дипломатија треба да ги земе предвид различните околности. Така што, разгледуваме неколку други опции во случај да не успеете.
Шанел Клејтон

Жените се создадени за дипломатија. Во дипломатијата, најважно е да им сугерирате на другите дека вашата идеја е негова сопствена. И токму тоа го прават жените.
Клер Лус

И политичарите и дипломатите мораат многу да лажат во однесувањето, но за разлика од актерите и актерките, тие немаат „социјална лиценца за лажење“.
Дезмонд Морис

Има неколку железни правила на дипломатијата, но за едно нема исклучок. Кога некој вработен ќе пријави дека разговорите биле корисни, може спокојно да се заклучи дека ништо не е постигнато.
Џон Кенет Галбрајт

Има директна врска што не може да биде прекината меѓу дипломатскиот процес и растот и просперитетот.
Јицак Херцог

Имаме уште време за преговори, имаме уште време за дипломатија, бидејќи се уште има низа прашања кои не се разјаснети, кои создаваат недостиг на увереност.
Мохамед Ел Барадеј

Искрен дипломат е како сува вода или дрвено железо.
Јосиф Сталин

Искреноста е најдобрата дипломатија.
Иван Тургењев

Јавната дипломатија беше ефективно оружје на Студената војна.
Ентони Блинкен

Јас сум апсолутно за дипломатија. Таа е поевтина од војната.
Хилари Мантел

Каков срам што не се дозволуваат заклетви во дипломатијата.
Ајше Кулин

Кој владее со светот и разгорува војни? Дипломатите ги лажат новинарите и потоа им веруваат на своите лаги што ги читаат во весниците.
Карл Краус

Комуникацијата со дипломатите е секогаш борба, дури ако таа применува пријателски форми.
Херман Хесе

Културата може да се развие само кога умот ќе влезе во игра. Мозоци наместо мускули, дипломатија наместо груба сила.
Андреас Штајнхофел

Културата се претвори во еден од последните елементи на нашиот идентитет. Треба да дејствуваме во корист на културната различност во странство, како и дома, имаме потреба од силна културна дипломатија, но треба да ја создадеме.
Фредерик Мартел

Лош е оној дипломат што не е способен во тежок момент да лаже без да поцрвене.
Стефан Цвајг

Лажичка шеќер може да биде корисна во односите со странските дипломати, колку и во детската психологија, бидејќи тие не се неповрзани области.
Медлин Олбрајт

Мачкиниот „протокол“ е дури построг од дипломатскиот.
Роберт Хајнлајн

Мојата работа е дипломатија, но не можам да се вратам на неа. Значи, професионален дипломат да стане министер за надворешни работи не е врв на кариерата, туку катастрофа.
Леонид Млечин

Мажите-најдобри дипломати во надворешните работи, жените-во своите сопствени.
Зигмунд Граф

Мерката на доверба е различна: во политиката, во дипломатијата и во стратегијата; но во сите три сфери е строго обусловена и ограничена.
Иван Илин

Навистина добар дипломат не влегува во победи, дури и кога ги постигнува.
Волтер Липман

Најголемата сила во светот заслужува да го има најдобриот дипломатски кор во светот.
Ентони Блинкен

Најдобра дипломатија е вистината.
Густав Емар

Не е допуштена никаква случајност кога на карта се поставени дипломатските интереси.
Артур Конан Дојл

Не заборавајте дека понекогаш дипломатијата е подобрата страна на војната.
С.Џ. Редвајн

Не можеме да си дозволиме меѓународната заедница и светот да ја изгубат вербата во дипломатскиот пат.
Кондолиза Рајс

Не можете да бидете ниту тврд, ниту мек преговарач. Треба да го искористиме целиот арсенал на дипломатски методи. Сè зависи од ситуацијата, од партнерите. Затоа, на дипломат му треба толку многу искуство.
Леонид Млечин

Ние сме против учтивоста како замена за вистината, зашто таа учтивост убива. Учтивоста и дипломатијата се одговорни за повеќе страдања и смрт од сите злосторства на страста во историјата. Ебати учтивоста. Ебати дипломатијата. Кажи ја вистината.
Бред Блантон

Никогаш во историјата лагите не биле толку важни инструменти за дипломатијата и политиката.
Макс Хестингс

Но, како што сите знаат, кога силите се еднакви дипломатијата пропаѓа. Најсилните никогаш нема да ги прифатат дипломатските предлози на непријателот.
Муриел Барбери

Ние додуша го осудуваме насилството, но сме подготвени да испорачуваме оружје.
Карел Чапек

На крајот на краиштата, работата на дипломатите продолжува дури и додека други се борат. Значи, не е задолжително да е точно дека секој треба да маршира.
Дејвид Брин

На крајот на краиштата, пријателството е дипломатија со други средства.
Ким Робинсон

Обид за постигнување дипломатска спогодба може да се направи само кога ќе има тишина.
Ариел Шарон

Откако ќе разбереме како размислуваат, можеме да го предвидиме нивното однесување. И штом добро ќе го предвидиме, можеме да манипулираме со него. Тоа е дипломатија.
Чарли Хјустон

Отсекогаш сме се надевале дека американската дипломатија се развива преку дијалог и убедување, а не преку ултиматуми. Тоа е патот што го сакаме во меѓународните односи.
Махмуд Абас

Отсекогаш сум чувствувал дека еден учен му должи на светот само едно нешто, а тоа е вистината каква што тој ја гледа. Ако вистината им противречи на длабоко вкоренетите верувања, тоа е премногу лошо. Тактот и дипломатијата се добри во меѓународните односи, во политиката, можеби дури и во бизнисот; во науката само едно нешто има значење, а тоа се фактите.
Ханс Ајзенк

Па, полковнику, има дипломатија и има реалност. Нашиот амбасадор ја застапува дипломатијата. Јас ја претставувам реалноста. А реалноста е дека не те сакаме.
Стивен Кинзер

По правило, дипломатијата и преговорите ги одразуваат новите реалности и воопшто не ги менуваат.
Ричард Хас

Поголемиот дел од книгите за Првата светска војна ги прикажуваат нејзините причини како дипломатски, текот како воен и последиците како економски.
Нил Фергусон

Подобро вистина отколку лажен предлог, колку и да изгледа дипломатска.
Роберт МекКамон

Преговорите во класична дипломатска смисла вклучуваат страни кои повеќе се трудат да се согласат отколку да не се согласат.
Дин Ачесон

Принципот на „дај и земи“ е принцип на дипломатијата: даваш едно-земаш десет.
Марк Твен

Промените на парадигмата, особено по прашањата на дипломатијата и безбедноста, по дефиниција се големи потфати.
Ричард Хас

Се разбира, вие знаете дека во дипломатијата сè е различно во реалноста отколку што изгледа, а она што може да изгледа како здрав разум е спротивното.
Иен Џорџ Пирс

Со дипломатија можете да направите многу, но со дипломатија поддржана со сила можете многу повеќе.
Кофи Анан

Светската историја е заговор на дипломатите против здравиот разум.
Артур Шницлер

Сега разбирам што е тоа дипломатија: да седиш и да чекаш да се случи нешто што можело да биде избегнато.
Сузана Фортес

Татко еднаш рече дека вистинскиот јазик на дипломатијата е во просторот меѓу зборовите.
Рошани Чокши

Тактот и дипломатијата ги измислил некој со премногу време в раце.
Анџела Марсонс

Тој не знаеше дека да беседиш на јазикот на дипломатијата значи да предлагаш.
Марсел Пруст

Тој ги презираше моите методи, но јас постигнав резултати преку дипломатија.
Џенифер Албин

Убедувањето мора да биде пред силата. Во секој случај, да се има сурова енергија, а не да се искористи, прави ефикасна дипломатија.
Едмунд Морис

Уметноста на дипломатијата е успех, благодарение на кој ќе научите повеќе за тајните на непријателот отколку тој за вашите.
Робин Хоб

Целта на надворешната политика е да влијае на политиките и дејствијата на другите нации на начин кој им служи на вашите интереси и вредности. Достапните алатки вклучуваат сè-од убави зборови до крстаречки ракети. Нивното мешање правилно и со доволно трпение е уметност на дипломатијата.
Медлин Олбрајт

Често морам да го зборувам не она што го мислам. Тоа се вика дипломатија.
Френк Херберт

Што е дипломатија? Двајца со најискрени изрази на лицето се лажат в очи. Во исто време, секој однапред знае дека неговиот колега лаже. Ако на еден му текне да ја каже вистината, вториот ќе го прими како разработена лага, но никогаш по номинална вредност.
Григориј Климов