Потребно време за читање: 6 минути

149. Верување-Верност-Изневера

Самосвеста налага прво да веруваш во себе, а потоа во други. Повеќе веруваш во себе одошто во други? Тоа се вика самодоверба. Им веруваш на ближни еднакво колку на себеси? Тоа значи дека можеш сам, ама ти е подобро заедно со други.

Суштествено за верноста е нејзиното траење. Да, човек може да се заколне на верност до смрт, но верноста не е постојана до смрт. Некогаш е целосна, апсолутна, некогаш со задршка, па и сомневање, а неретко зависна од други нешта во животот. Во секој случај, таа е постојано проверлива.

Што е со изневерата? Ништо не е. Била, е и секогаш ќе биде. Таа не е човекова слабост, ами несигурност и зависност од околностите, собитијата или променливоста на меѓучовечките односи.

Македонски народни пословици и изреки

Вера да веруаш, ама и добри работи да правиш.

Верата планиње преместуа.

Верен измеќар, цел стопан.

Каква ти е верата, таква ти е и вечерата.

Нема вера у пазара.
      Кој не плаќа, веќе не се веруа.

Со очите го виде и не поверуа, таков неверник ет.

Пословици и изреки од народи на светот

Сметајте на верноста на својот пес до последен момент, на верноста на својата сопруга-до првиот случај. (Индиска)

Паметниот човекл нучува десет работи, а верува во една, а будалиот научува една работа, а верува дека знае десет. (Кинеска)

Полесно е да се чуваат стотина болви одошто една девојка. (Полска)

Чуда им се случуваат само на поние кои веруваат во нив. (Француска)

Верувај ми, но припази на себе. (Англиска)

Латински изреки

Кој сака да им слугува на двајца, ги изневерува обајцата.

Мажот е последен кој знае за гревот на жената.

Пријателството најдобро се чува со верност. (Amicitiae coagulum unicum est fides.)

Бесмртните пријателства мора да бидат смртни непријателства. (Amicitiae immortales, mortales inimicitiae debent esse.)

Пунска верност (предавство). (Punica fides.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Кој е верен во малку и во многу многу е верен; а кој е неверен во малку и во многу е неверен.
Библија

Не верувајте во некоја работа само затоа што тоа така се кажува. Не верувајте во верувањето на традицијата. Не верувајте само затоа што е тоа општо мислење. Не верувајте врз основа на сведочење на еден или друг мудрец од стара доба. Не верувајте во некоја работа само затоа што веројатностите се во негова корист, или поради тоа што долготрајна навика ве наведува на тоа. Не верувајте затоа што сте замислиле дека тоа ви го открила некоја виша сила. Не верувајте на ништо затоа што се заснова само на авторитетот на вашите предци или на вашите учители.
Будистички запис

Верноста е прашање на совеста, а предавството е прашање на време.
Анонимус

Рекле, издумале

Оружјето го штити владетелот, но подобро го чува верноста на поданиците.
Луциј Анеј Сенека

За среќа е потребна верност, несреќата може без неа.
Луциј Анеј Сенека

Кога човек се заколнува на верност до гроб, обично не мисли на свој гроб.
Жарко Петан

Верноста е нешто толку свето што посветува и незаконски однос.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Да се биде верен е добродетел, да се знае верноста е чест.
Мари фон Ебнер Ешенбах

Да се принудуваме да му останеме верни на оној што не го сакаме, исто е и да се стори неверство.
Франсоа Ла Рошфуко

Предавствата најчесто не се прават со свесна намера, туку со слабост на карактерот.
Франсоа Ла Рошфуко

Знаете ли зошто песот му е верен на својот господар?-Затоа што навикнал на неговиот ќотек.
Иван Цанкар

Познато е дека песот му е верен на својот господар. Но, зошто да се зема за пример кога тој му е верен на човек, а не на друг пес?
Карл Краус

Верноста е често само мрзеливост на духот.
Стендал

Само човек кој има верба во себе е во состојба да им биде верен на други.
Ерих Фром

Нема ништо поотмено и поценето од верноста. Верноста и вистината се најсветли совршенства и дарови на човечката душа.
Марко Тулиј Цицерон

Ако љубиш длабоко само едно суштество, и сите останати ќе ти се чинат достојни за љубов.
Јохан Волфганг Гете

Недовербата и претпазливоста се родители на сигурноста.
Бенџамин Френклин

Благородното срце не може да биде неверно.
Оноре де Балзак

Верноста е квалитет кој луѓето го изгубиле, но кучињата го задржале.
Антон Павлович Чехов

Во овој свет ја ценам само верноста. Без тоа си никој и немаш никого. Во животот ова е единтвената валута која никогаш нема да депресира.
Владимир Висоцки

Во барањето за верност-алчноста на сопственикот. Од многу нешта радо би се одрекле да не е стравот дека тоа ќе го собере некој друг.
Оскар Фингал Вајлд

Не можеш да се надеваш на женска верност; среќен е оној што на тоа гледа рамнодушно.
Александар Сергеевич Пушкин

Половина пријател, половина предавник.
Виктор Иго

Зборот „верност“ нанела многу штета. Луѓето научиле да  бидат „верни“ на илјада неправди и беззаконие. Во меѓувреме, требало да бидат верни само на себеси, а потоа би се побуниле против измама.
Марк Твен

Само еднаш губиме живот и доверба.
Публиј Кир

Бидете му верни на оној што ви е верен.
Платон

Предавниците пред сè се предаваат самите себе.
Плутарх

Најмногу од сè сакам јас и сите други да останат верни на себеси.
Гај Јулиј Цезар

Бидете верни на себеси и тогаш сигурно како што ноќта го следи денот ќе уследи верност на други луѓе.
Вилијам Шекспир

Во верноста има малку мрзеливост, малку страв, малку пресметка, малку умор, малку пасивност, а понекогаш и малку верност.
Етјен Реј

Верната љубов помага да се издржат сите тешкотии.
Фридрих Шилер

Верноста во љубовта бара апстиненција, но само со неа може да се спознае скриената убавина на љубовта.
Рабиндранат Тагоре

Верноста за мажот е како кафез за тигарот. Таа е против неговата природа.
Џорџ Бернард Шо

Верноста не е спротивна на човечката природа општо, туку само на животинската природа што живее во човекот. Оној што е во состојба да ја совлада моќта на инстинктот, да остане врзан за својата обврска, љубовта да ја претвори во пријателство, наоѓа среќа во соединувањето на душата, срцето и телото, повеќе одошто го наградува за неговата жртва.
Андре Мороа

Верните познаваат само една страна на љубовта, неверните-ете кој ги познава вистинските страсти. Не ги сметајте за верни оние што повторуваат ваш збор, туку оние што се противат на она што сте го рекле погрешно.
Изократ

Ако сте со здрав разум, немојте да сонувате дека оној што ќе ви падне во прегратка со таква брзина ќе биде верен.
Овидиј

Како можете да се носите со некој кому не можете да му верувате? Ако вагонот нема осовина, како можете да го возите?
Конфучиј

Кралевите не знаат ништо повеќе за работите на своите министри отколку изневерените мажи за работите на своите жени.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Кој никогаш не се заколнал на верност, никогаш нема да ја прекрши.
Август Платен

Подобро е да бидеш неверен, одошто да бидеш верен, а тоа да не го сакаш.
Брижит Бардо

Неверството е како смрт, не познава нијанси.
Делфин Жирарден

Изневерениот маж секаде гледа изневерени мажи.
Марсел Пруст

Покажаната доверба обично бара за возврат верност.
Тит Ливиј

Само еднаш ги губиме животот и довербата.
Публилиј Сириј

Не можам да му бидам верен на знамето ако не знам кој го држи.
Питер Устинов

Сакам да продолжам да живеам во свет кај што верноста и натаму постои, а заветувањата на љубов се даваат засекогаш.
Пауло Коељо

Човек кој е сосем неспособен да биде вистинит, барем е верен на себеси.
Вивиен Ли

Постојат нешта на кои вреди да им се остане верен. На пример кафе.
Џон Голсворти

Со верноста сме собрани и обединети во себе, додека бевме расеани во мноштво.
Свети Августин

Вродената верност и едноставноста на вкусот води на вистинскиот пат.
Џејн Остин

Многумина луѓе ќе исповедаат верност, но малкумина ќе ја покажат.
Џери Бриџис

Личната верност-тоа е креативна верност.
Емануел Муние

Сите верни жени се исти. Тие мислат само за својата верност, а никогаш за своите мажи.
Жан Жироду

Дури и најголемата верност понекогаш бара мало предавство.
Жил Легардиние

Во војната меѓу мажот и жената нема правила, нема верност.
Итало Калвино

Не споделувајте тајни со оние чија верност и воздржаност уште не сте ги испитале.
Кејт Аткинсон

Да ​​бидеш верен на личност која не ја сакаш, тоа значи да се промениш себеси.
Константин Мелихан

Јас ја разликувам изневерата од предавството. Предавството влијае на телото, изневерата-на душата.
Кристина Кофта

Самопочитта е вистинскиот дом во кој секогаш мора да се враќаме во смисла да бидеме верни на себеси и да можеме да го дочекаме другиот како различен.
Лис Иригаре

Мојата точност е мојата последна посмртна верност.
Марина Цветаева

За секого има точка на вриење на термометарот на верноста, кога човек е способен да ја предаде својата родена мајка.
Марио Бенедети

Мерката за верност се постапките, а не времето.
Мајкл Велер

Моето семејство, мојата љубов, мојата верност-тоа е мојата публика.
Николај Басков

Соодветно, постојат два вида на верност: верност на пристојноста и верност на внатрешното убедување.
Паскал Брукнер

Да бидеш доброволно преброен како овца, според Јуда е рамносилно на ветување на верност кон Рим.
Реза Аслан

Пријателството најдобро се создава со верност.
Сир

Куче-лаечко олицетворение на верност и послушност.
Соња Шаталова

Да ​​држиш скапи предмети дома значи да задржиш молчалива верност кон себеси.
Сузана Фортес

Кога човечките суштества му даваат верност на срцето и се поклонуваат на она што не е Бог, тие постепено престануваат да ја одразуваат сликата на Бога.
Том Рајт

Животот би бил нешто многу мрачно ако во светот немаше верност.
Еррл Дер Бигерс

Љубопитноста е првиот чекор кон изневерувањето.
Магдалена Самозваниец

Понекогаш мислеше дека изневерувањето е вид психотерапија. Им помага да избегаат од своите стравови, да се почувствуваат живи.
Максим Чатам

Причините за изневерувањето се секогаш понизни и себични, тоа се изговорите што ги измислуваме, тие се сложени.
Сара Пинбера

Ти сметаш дека одмаздата е обратната страна на насилството, а јас сметам дека неверството е обратната страна на љубовта.
Тонино Бенакиста

Но, јас сум ветил дека ќе верувам во Бог и тука веќе има искушение за изневера, бидејќи како што знам секој бог во кој верувам ќе биде во согласност со мојот ум.
Чарлс Вилијамс