Потребно време за читање: < 1 минута

Човек дознава и сознава во секој миг од својот активен живот. А во пасивниот? И во него, но бесцелно, незаинтересирано. Ниту за себе, ниту за други.

Живејте активен живот дознавајќи и сознавајќи:

1. Бришачите за автомобил ги изумила жена по име Мери Андерсон.

2. Обичајот невестите во западните земји да носат бели венчаници потекнал од француската кралица Ана Бретонска.

3. Голфот е единствен спорт игран на Месечината.

4. Зборот „чоколадо“ е од астечко поекло и значи горчлива вода.

5. Дрвото секвоја го добило името според индијанскиот Чироки главатар Секвоја.

6. Звукот низ водата патува 3 пати побрзо отколку низ воздухот.

7. Кула од милион американски долари, што би ја чинеле банкноти од еден долар, би достигнала височина од 110 метри и тежина од 1 тон.

8. Првите 4 потези во шахот можат да се одиграат на 318.979.564.000 начини.

9. Гинисовата книга на рекорди го држи рекордот како најчесто крадена книга од книжарниците.

Прочитај и за ... >>  25 часовна работна недела?!

10. Во Пентагон има двојно повеќе тоалети отколку што е потребно, зашто законот во времето на градењето пропишувал издвоени тоалети за црнци и белци.

11. Во НР Кина англиски говорат повеќе луѓе одошто во САД.

12. Амазонските мравки крадат ларви од други мравки, кои потоа ги држат како робови.

13. Хаваите се единствената американска држава која одгледува кафе.

14. Ноќе можат да се видат околу 6.000 ѕвезди без телескоп.

15. Младенчето на кенгурот е долго околу 3 саниметри кога ќе се окоти.

16. Џиновскиот африкански штурец обожува да јаде човечка коса.

17. Првата фабрика на торпеда на светот „Вајтхед“ е основана во Риека-Хрватска.

18. Досега се забележани 63 природни сателити кои кружат околу Јупитер.

19. Соколот е најбрзо живо суштество на планетата Земја. При пикирањето достигнува брзина од 320 км на час!

20. Првиот официјален кошаркарски натпревар е одигран на 20. јануари 1892. година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here