Потребно време за читање: < 1 минута

6. Ведро небо

Запрев ветришта, запрев молскавици,
запрев модри и црни облаци
пред ведро небо кое скоро го допирам
со збор во мисла,
на кое штотуку го почнав својот
слободен лет.

Такво е откога искачив стари планини
со неосвоиви врвови на кои сум дамна
јас со збор во мисла и слободен лет.

Ведро ќе биде небово додека сум жив
човек исправен и снажен,
човек докажан како човек
во неизбришливи траги од времиња
со збор во мисла и слободен лет.

И додека сум жив нема да дозволам
ведроста на небово што го допирам
со збор во мисла и слободен лет
да го збришат ветришта, молскавици,
модри и црни облаци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here