Потребно време за читање: < 1 минута

27. Тој создава песна

Мора да е ширна
и недосеглива,
мора да е целосна
и неизмерна
тишинава во која
самотен извишен творец
треба да создаде песна.

Токму таква е оваа тишина
меѓу зборови, дребнулии,
меѓу сенки, пајажини,
во премрежја и бессоници.

Од суштествено значење
за опстанокот на човештвото
е прашањето дали песната
ќе биде создадена пред
да настане несовладлив
молк во неговото срце;
зашто само од оваа песна,
можеби последна негова,
можеби конечна,
ќе почне песна на птици
долетани од сите страни
со која совреме обгради
соѕвездие самобитно.

Ако се случи
неговото срце да запре
додека создава
самотна песна,
можеби последна негова,
можеби конечна,
еден пенлив бран
на нечиј небосвод
ќе потоне во заборав
остров направен
од живи коски без траги.

А птиците долетани
од сите страни
веќе не можат
ниту да помислат,
ниту да замислат
дека песна создадена за нив
од самотен извишен творец,
можеби последна негова,
можеби конечна,
всушност ќе биде нивна
мртва тишина
меѓу зборови, дребнулии,
меѓу сенки, пајажини,
во премрежја и бессоници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here