ДОСТОЈАНИЕ НА ИЗВИШЕН ТВОРЕЦ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

24. Неговата сончевина

Негова сончевина
во рани зори
му излегла од очи
за да го изгледа светот
до сечиј крај.

Се распослала
меѓу планини и долини,
меѓу пепел и огнови,
меѓу сенки и студови,
меѓу негови зборови
екотни,
меѓу неба и земји
ширни.

Излегла од срцето
негово
за мигум, во еден здив
да создаде ново дело
што ќе му го затврди
постоењето
со живот за живот.

Излегол и тој со неа,
та запловил во неа,
та заиграл игра за неа
небрежна,
за скоро да го научи
народот
како може корените
да си ги сочува среде
невреме
што пустоши
и скаменува сè.

Долг ќе е денов
со сончевинава
на творецов достоен
за почит.

Долг ќе е денов
по минати премрежија
и самотни соништа.

Leave the first comment