Потребно време за читање: < 1 минута

52. Што од човек творец

Од човек творец едно
и блиско и далечно,
а друго
и високо и длабоко;
како говор постојан,
како игра делотворна.

Тој секако го знае тоа,
та секако е во него
секогаш настојчиво
да совлада поделени
светлина и темнина,
топлина и студенина,
стварен и сонет свет.

Само затоа деноноќно
се движи од почеток
на еден живот,
ту доближувајќи се до,
ту оддалечувајќи се од
крај на друга смрт.

Овој човек творец,
со достојание, извишен,
меѓу небото и земјата
согледува живи и мртви
годишни доба,
една од друга
строго разграничени,
лесно препознатливи,
во кои влегува
и од кои излегува
секогаш премален
од огнот создавачки
во него. На кој не му дозволува
никогаш да се разгори,
ниту да угасне,
на кој ќе му дозволи
некогаш
да се пресели во луѓе
кои секогаш
се подготвени заедно
да влезат во негови
нови освојувања
на семиња и плодови.