49. Изданок
Таму некаде на пролет
се појави изданок некој
на негова плодна земја;
веројатно од семе
што го пренела птица
во клунот
или во крилото
од таму некаде на есен.
Се изненади,
ги изненади сите
од негов и познат род
наоколу,
особено оти никој
не знаеше што изданок
ќе е
штом расте ноќе,
а дење незабележливо
го заврстува коренот
во негова плодна земја.
Во еден миг
пред некој миг
како да го слушна
како збори за тој
да го слушне:
ако ме оставиш
да пораснам, дрво
да се извишам,
ќе раѓам пловоди
само за тебе
како ѕведи на небо.