53. Зад кулисите
Здраво-живо народецу мој,
Не знам дали знајте, ама ја знам па сакам и вие да си знајте оти во живото шо је на сцена, најмногу на штици кои живот значат али циркускио полн со играчки и пљачки за смееење и плачење најмногу и сешто се прај пред и зад кулиси. Ептен ретко без ними, и то само во живот без трагикомендија. Од шо следуа заклучоко со ретки исклучоци: во живото на сцена али во циркускио многу се важни, да не речам а ќе речам најважни кулисите. При то, не е важно од шо се напраени, дали се закоани на место али се напраени за вртење и туркање напред-назад. Кога је важно, тогај се многу важни кулисичарите. Првпат од мене слушате за ними? Кои се тие? Дајте проста логика: кулисичар иде од кулиса, и тоа је чоек шо ги движи али ги преместуа кулисите според потребите и интересите на играчите али глумците на сцената, односно кловнојте и друзите циркусанти во циркусо. Обично никоаш не је еден, некоаш не им се знај бројо, ама секоаш има еден кој им ги држи конците во свои раце. Ама знајте шо је најважно во врска со кулисите напраени од шо било? Не она шо се прај али се игра пред ними, ами она зад ними. А кога е во прашање живот без трагикомендија? Шо је шо во таквио без кулиси? Малу трпение, ве молам. И то ќе ми дојди ко точка во дневнио ред. Најпрвин кулисите ко такви.
Кога почнуам подлабоко да мислам за кулисите визави нашиов животец партизиран и политикантски, мене најпрво ми паѓа во умо нивната долготрајност. Ја сум забележал дека кулисите во циркус траат помалу, обично дури циркусо гостуа во нашио главен град, прибидејќи градо нема свој циркус. Најмногу на сцена на која се игра драма со драматично дејствие, кое уште не е ни близу до драматичната кулминација односно до испланиранио драматичен крај. Заошто така? Па прво поради зато шо не се прај циркус на отворено, ни под ведро ни под облачно небо, а за да го видат шо појќе сељачки граѓани он се прај два-три пати во дено. То ќе речи оти се повторуа онолку пати колку шо треба. То од друга страна, сакале-не сакале циркусантите, се трошат, се абат кулисите дотолку шо со време не можи да се припознај за на каков циркус се однесуаат. Меѓу то, контра на то тие траат помалу поради зато шо го арчат заткулиснио циркус. Се разбираме, нели народецу мој?
Сега сакам малу да се конкретизирам во врска со циркуските кулиси визави нашиов животец партизиран и политикантски. Во тој контекст, сакам да ги нагласам улогата и функцијата на таквиите кулиси во актуелниов миг на нашава актуелна ситуација:
Имено, во нашиов животец партизиран и политикантски баеги време не дошол некој циркус, ама има баеги циркуски кулиси! Како можи то? Ако се има предвид факато оти кај нас можи сè, то значи оти се тие од некој циркус шо некоаш гостуал при нас, па ги остајл поради зато шо појќе не му требале али не можат да се препраат, да се попраат и допраат; односно да се прилагодат на циркуска претстава во друго населено место, село, село ко град, градско село, башибозук ко држава, во држава башибозук и ти реков-ми рече. Меѓу то, се поставуа ова прашање: дали служат за нешто, поточно заошто служат таквиите циркуски кулиси? А и ова ко придодаено: има ли и каков има циркус пред и зад таквиите кулиси?
Да ви кажам прао, луѓе мои, си го истормозив мозоко со овие прашање и на ними придодаените. Најдов одгоори, ама не сум баш сигурен оти се баш прави. Сè ми се присторуа оти во најмала рака али нога има друзи, поасални, стручно-експертски речено поаргументирани и пофактизирани. Нејсе, еве ми ги најдените, а ваше је дали ќе ги прифатите али ќе им контрирате со ваши:
Циркуските кулиси во нашево градско село и башибозуков ко држава им служат на партискиве ебиветри и политикантскиве неранимајковци за заткулисни измеќарски и лигушки игри со стратешките ни партнери! Не толку за да бидат од ними стаени на власт и во опозиција, колку да им измеќаруаат и да им се лигаат за апашки ујдурми. Така да си знајте! Има некој меѓу вас, луѓе ко луѓе, шо не ми веруа? Знам оти нема! А дедо Громче најде уште еден одгоор: заткулисните измеќарски и лигушки игри не се тргаат и никому не му паѓа на памет да ги тргни поради поради зато шо почнуаат секоаш на крајо. Со друзи зборој речено од мене, тие не завршуаат, а којзнај дали некоаш ќе завршат односно конечно ќе им се стај крај. Заошто така? Поради зато шо мора да се брани врвното демократско право на народо: да гласа односно да избира власт слободно, по сопствена волја ем убедуање, и то онаква каква шо заслужуа.
Туку…уште за шо ми беше зборо…А да, за живото шо је на сцена, за најмногу и за сешто шо се прај зад кулисите, како и за кулисичарите. Да, да, и за трагикомендијата без кулиси. Ама за неа попосле.
Луѓе, живото шо је на сцена је живот ама не је! То му иди исто да му се плукниш на таков живот. А бе, то је исто ко во него да ви је сè откриено, сè угул голо. Добро де, нè има секакви, и такви шо просто не можат да живеат ако не се на сцена. При то, кулисите на неа не им значат ама баш ништо. Се облекуаат од глави до петици ко во оклопи, ко во калапи, се облекуаат исто ко да се соблечени, баш угул голи. И да им се чудиш на уживанцијата оти се на сцена такви. Ај шо се покажуаат и докажуаат, ами и праат секакви рабоќе. Дури и дибидус интимни. Ма прав стриптиз! А богами и се сексаат, ко шо се вели стручно експертски, само ако им се нареди заткулисно. Е, тука сме, во центаро на проблемо: живото на сцена је преткулисен, а се реди и наредуа заткулисно. Со други зборој речено од мене, таквио живот је марионетски. Конците на марионетите ги држат оние шо сакаат дрвосани ко живи.
Шо зад кулисите? Кратко, сожето и јасно: зад кулиси је сè заткулисно. А кулисичарите? И за ними кратко, сожето и јасно, прибидејќи за ними веќе поткажав понешто: нивна најважна работа је работата со кулисите да ја напраат шо полесна и колку е можно поретко да ги поставуаат, преместуаат или заменуаат со друзи. Поготово ако треба да мини многу време дури заткулисното не излези пред кулисите.
А кога е во прашање живото без трагикомендија? Шо во таквио без кулиси? Ништо и никому ништо! Поради зато шо живот без трагикомендија и не је некој живот за да му требаат кулиси. Прашајте некој шо живеј таков. Знајте шо ќе ви одгоори? Ова: во него је исто дали плачиш али се смејш, односно плачиш кога се смејш и се смејш кога плачиш. А исто ти је и дали ќе го живејш до смрт али пустелија ќе фатиш.
Ја ко ќе кажам кажано је!