Потребно време за читање: 2 минути

4. Ни се тера ни се води

Здраво-живо народецу мој,

Мене ко на дедо Громче сè почесто, скоро дење-ноќе ми иде од народо реченово за оној али за онаа што не знае што сака, а не го сака она што народо го сака: „Ни се тера ни се води“. Ми иде секоаш коа ќе ми се наметне актуелнава политичко-економско-социјално-културно-простачко-провинцијална ситуација. Која, да бидам тотално искрен ко што сум секоаш, ептен ми е наметната, та од неа сон мирен не можам да си фатам. Поготово кога во тој контекст некако сама по себе и сама за себе ми се наметнува актуелнава власт.

А бре лујѓе мои, власта што божем ја избравме сто на сто демократски, со слободно и слободарско гласање, стварно ни се тера ни се води! Ма исто ко кога ќе се заинатат али за политикантски цели ќе станат слепи при очи и глуви при уши магарињата и магариците, коњите и кобилите, волојте и кравите, кокошките и петлите, машките и женските свињи, овците и овнојте, козите и јарците, како и сите други од животинскио свет на кои сега не ми текнуа. Знајте што праат?

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 53

Ко прво и прво, ич не им е гајле што се ако не се тоа што се, а ко второ и второ ич не им е гајле ако не се тоа што треба да бидат зашто без гајле ќе бидат ко ќе треба да бидат. Веднаш и сега или моментално и трајно.

Тоа оди вака: ако кој било од наредените и од оние на кои сега не ми текнува пробаш да се тера сам кон напред, прибидејќи доста стои во место, тој за инает нема да се тера; а ќе биде уште поинает ако го тераш ти. Не бе, не мислам на тврдоглавоста животинска што е иста ко човечката, ниту на достојанието. Мислам на она кога едно мислиш, а друго правиш, и на она кога правиш, а не мислиш. И тогаш и тогаш ни се тераш ни се водиш.

Што сакав да речам? Реков што реков, ама имам уште нешто да доречам:

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 40

Овие во власта, што ни ги натурија оние што појќе нè жалат отколку што нè сакаат како партнери, мислам на стратешките посебно на најстратешкиот зашто му е преку таквоото стварно, ни се тераат ни се водат. Сами си се тераат и си се водат! Се држат за раце, за нозе и за друго што е за држење, при држењето вардат некој да не малакса и да падне, за по него да не паднат сите по него, и ич гајле си немаат дека ко на секој и ним им иде крајот. Знаат, свесни се, ама се прават наудрени и недоветни дека крајот не им се гледа.

Заошто ни се тераат ни се водат? Прибидејќи народот кренал раце од нив, му дојдоа преку глава, сакам да речам му боктисаа, па џабе му е да ги отера во мајчината им. Тие по своему, тој по своему.

Баш ни се тераат ни се водат. А сè веќе ојде во бестрага.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 51

Не забораајте и сега и никогаш:

Ја ко ќе кажам кажано је.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here