ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 39

Потребно време за читање: 4 минути

39. Убајната

Здраво-живо народецу мој,

Да те праша дедо Громче: кога последен сте помислиле на убајната? Знам оту ич не мојш да се сетиш. Ако, пак, те прашам дали скоро си сретил убајна, би ми одгоорил не али не си сигурен. А шо би ми одгоорил ако те прашам од коа не си бил со убајна и не си имал шо било со некоја али со нечија? Некој шо можи да проба да подизлажи али да се напрај наудрен оти не разбира на шо мислам, ама кај мене то не проаѓа. Ја ти гарантирам оти секој народен ќе одгоори оти толку одамна не бил со убајна, шо никако не можи да му текни кога бил. Нема шанца ни во дамнешно минато свршено време дда имал шо било со некоја али со нечија.

Шо је прао прао је оти животецо во нашево време на појќето од нас не ни дава ма ни најобична убајна. Ај то, ами уште и ни расипуа секоја со која ќе посакаме да сме, да ни се најди при рака, која ќе посака бар малу да нè разубај; ни со која случајно али намерно да си напрајме судир, па и да поживејме заедно. Можи некој од вас да ме праша зар до толку ни огрде животецо, до толку долго ни је паднат мрако на очи шо да не мојме ни да ги замислиме убајните кои сме ги проживеале, доживеале и изживеале во предминато збришано време. Ја ко дедо Громче вака би одгоорил: прво и прво, не ни огрде, ами ни го огрдија и ни го огрубија животецо; а второ и второ, до толку немаме убајна, не сме со неа, не ни се дава, нито ни је на располагање шо веќе не знајме али не можиме да ја припознајме.

Не сакам да ви се фалам, лујѓе, досега стопати сум ви се докажал ко мал фалбаџија, и то само коа то просто не можам да ги избегнам фактите и аргументите. Ама вашио дедо Громче стварно знај многу за убајната. Во најширока и најтесна смисла на зборо, со најголема и најмала содржина, во најкусо и најдолго теоретско и практично прикажуање, како и во буквално и преносно односно конкретно и апстрактно лично докажуање ем доживуање. То би значело да ви зборам до утре сабајле и да не се дозборам за неа до задутре до полноќ. Зато овојпат ќе се задржам само на убајната од аспекато на сушноста на нејното место во животецо наш насушен до исушуање.

Прибидејќи нема животец без убајна, исто ко шо убајната не је убаа коа је ко без живот, ја ќе го кажам најважното, а после ќе подречам некои поневажни али спорадични нешта во врска со неа: нејното сегашно место ѝ је одземено од грдоста со припомош на грубоста. То ви звучи ко да је излезено од мое длабоко филозофирање? Шо знам, можи така да ви звучи, ама само да ви звучи. А шо ќе речите кога ќе го доречам ова: грдоста ни је сè појќе убаа, дури поубаа од убајната ко шо ја знајме, а грубоста просто напросто ја дотолчуа? Знам оту нема да речите ништо прибидејќи сум асполутно во право. Знај дедо Громче шо мисли и како го збори то шо го мисли. То шо го реков треба да го поврзиме со она со шо најмногу се оправдуа грдоста како убајна сосе грубоста како нејно дотолчуање: убајната је минлива и менлива ко шо минува и се менува ритамо на нашето секидневно банално живуркање.

Ако го имате предвид сето она шо је од мене искусено со убајната, знајте и можите да претпостајте колку ми је многу искусено, дека мнозина од вас ми ја паметите убајната во младоста, убајните со кои сум бил во зрелоста, а сте ми ја виделе и убајнава во старцкиве годиње. Од то произлегуа оту гарант ќе се согласите со мојво заклучуање: убајната је минлива и менлива само доколку не ни је во сушноста на нејното место во животецо наш насушен до исушуање. Во контексто на то је многу жално, ќе речам и дибидус трагично шо грдоста и грубоста ни праат не да ни фали, па да ја бараме сегде кај шо можи да биди, туку да не ни треба. Да го доречам ова: таа почнуа ич да не ни треба прибидејќи тие стануаат убај и од ден на ден сè поубај. Да бе, и ја се прашам како можи то да биди така, ама ете можи. Бидна, бидуа и, шо ми је најмногу жал, допрва ќе биди. Најтрагично во то је шо се напрај на убајната да не мислиме ич, просто напросто да не ја ни спомнуаме. Шо, пак, је дибидус најтрагично: се напрај да не сме си убај ни на себеси ни на оние шо се со нас, а при то да не ни је убоо ништо али ич да не ни је гајле за неа ко сушност на животецо.

Сега ви го поставуам клучното, шо би рекол стручно-експертски круцијалното прашање: прибидејќи то шо се прај не можи да се прај само од себе, ами се прај смислено и намерно, кој го прај? Ви текнуа? Не? Ќе ви текни коа ќе ви кажам ја: то го прај политиката, поточно дневната политика, најточно политиканството и во најголема мера мафијаштвото. Пред да се образложам ќе ве стаам во дилема: има ли бар малце убајна во политиканството, посебно во мафијаштвото? Да бе, се слагам со вас оту ниту имало некоаш, ниту има сега, ниту ќе има некоаш.

Сега да се образложам без ептен да се детализирам:

Во политиката можи да има троа убајна, ама ако је здрава. Ако је болна, нема шанца. Да се потенцирам: троа убајна! Значи, и во неа не којзнај колку голема али топтан. Ај да се конкретизирам: политиката је здрава и има троа убајна за при праење, водење али продаање политика. Прибидејќи таа по дифолт, ко шо се вели стручно-експертски, је курва односно ороспија, ако при курвалако односно при при ороспилако има троа убајна ќе има и возбудуање и олеснуање. Шо би се рекло: не би била ладна ем рамнодушна, односно само за колку да се сврши работа. А  општо земена, убајната  ко таква отсекоаш била и секоаш ќе биди за доживуање, возбудуање, привлекуање, топлење, пламенуање, горење и ти реков-ми рече. Шо се однесуа, пак, на нездравата односно болната политика, пу пу подалеку од неа! Ко курва односно ороспија најпојќе је заразна! Ќе те зарази при онадуање, па после ќе си имаш жива мака до оздравуање.

Да си речам уште за грдоста и грубоста во политиканството и мафијаштвото:

Прибидејќи во ними има само гол интерес, шо би рекол саде лични ем партиски интереси, таму кај шо се на власт или со власта политиканти и мафијаши нема ни трага од убајна. А и таа шо ја има је угул гола, без скршена пара, за никаде. Замислете држава и опшество ко нашиве и баш таква ќе ви излези пред очи.

Знајте, нели? Ако не знајте, послушајте:

Шо ќе кажи дедо Громче кажано је!