Потребно време за читање: 5 минути

34. Бре, бре, бре!

Здраво-живо народецу мој,

Коа не знам шо да речам од шо ми је сè дојдено преку глаа, али просто не ми се мисли камо ли да ми се збори, ја во себе си мрморам „Бре, бре, бре…“. Некоаш и „Их ебаго!“, шо е исто ко „Како да не!“, особено коа сум во нервозација и секирација; исто и коа нешто не ми е верно, никако не ми иди да го процедам низ заби али да го голтам ко горчлива голтка непремолк, ко шо убоо се искажа поетски еден наш покоен поет, веќе во баеѓи процес на забораање. Баш така ми је сега насобрано за појќе бре! За да не се забораам и да не претерам, ќе се сведам саде на три.

Бре, лујѓе мои, шо је ова со нас, во нас, меѓу нас и од нас? Да се крсти чоек! Ја не памтам дека нè дотераа, а многу појќе сами се дотеравме дури до ова шо је и како ни је. Било и убоо и неубоо, било не баш лесно и ептен тешко, ама…На шо мислам? На сè! Има нешто шо не е за мислење? Нема! Еве да не ја помислуам и да не ја ни спомнуам политиката. Ама можи ли да не ги помислуам и не ги спомнуам политикантиве на власт? Па тие нè паднаа на ова дереџе! И при то тие ич не паднаа! Нито се насетуа али се гледа дека паѓаат, ниту оту скоро ќе паднат на нашево. Ма да сум некој, а не дедо Громче ко никој, мамичето нивно мамино, би ги суредил дур` трепните со очи. Стварно ви велам! А бе кај се најдоа вакви, недоветни, дибеци, токмаци, крадачи, корумпирачи, криминалци, мафијаши за на власт?! Да се крсти чоек! И да знајте, само коа ќе ми излезат пред очи али ќе ги изредам пред мене, од момент почнуам да се крстам.

Па слушам, читам и гледам оту спасот ни бил вонредни избори. А ако на властодршциве и натаму не им паѓа на ум да прифатат, тогај редовни. Да ви кажи дедо Громче, и ја сум за то. Нема друго чаре, освен избори. Ама шо ако ги избериме истите али избериме слични на овие? Да бе, мислам баш на ко досега-не ние да си избериме, ами да ни изберат, да ни натурат се знај какви-измеќари, послушни, понизни, платеници. Некој од вас мисли оту ако ни дозволат да си избериме понекој умен, учен, опитен, а најпрвин виден и доблесен, тој некој ќе издржи работејќи, праејќи, градејќи, создавајќи, при то ни влакно да не му падни од глаата, сакам да речам да остани жив и здрав? Их ебаго! Ќе издржи ако избериме такви од прв до последен, ама некој од вас помислуа оту ќе ни се дозволи то? Не бе, не велам оту ги немаме. Напротив! Ги имаме доста, макар шо во последно време таквите бегаат шо подалеку, со карта во еден правец ко шо се вели модерно. Ама ај помислите дали можите да замислите не само во сите власти, ами буквално сегде само такви без ниеден од политикантите во партиите во сегашнава и поранешните власти шо се во опозиција? Ја велам оту то просто не мојт да биди.

Прочитај и за ... >>  35. Заошто вака? До кога вака?

Бре, лујѓе мои, шо живот ќе је овој шо го живејме? Не, не мислам на сиромашијата и бедотијата, на јазо меѓу алчно богатите, кои катаден бројат секакви, а најпојќе валкани пари и секогаш им излегуаат малу, и скромно сиромашните кои се помируаат дури леб и сол да јадат и голи коски да глодаат поради зато шо чесноста, па и наивноста не им даваат да се надеваат на друго денеска, а да не прајме муабет за утрешо. Мислам на живеењето без смисол и содржина.

Овој живот шо го живејме ни стануа ист и дење и ноќе, така шо веќе не разликуаме, не сакаме али не мојме да разликуаме шо је ден а шо ноќ. Без оглед шо некому му успева ноќта да ја напрај ден, а дено ноќ. Да де, мислам на работењето, праењето, градењето и создаањето од една, и денгубењето и ноќгубењето од друга страна. Меѓу ними, пак, сè ко едно исто: и љубењето, спијањето, и мирнотијата и рамнодушието, и празнотијата и самотијата. Проблемо је оти како ни течи живото, така сме сè појќе меѓу ними, значи сè ни је ко едно исто и стануаме сè појќе исти. Ќе ви доречам оту мислам на квалитето на живото. Кој, пак, не је ист, ама је најблизок со стандардо. То просто се објаснуа вака: стандардо е да имаш ко никоаш да немаш али да немаш поради зато шо ептен имаш. И одозгора на то, двете ви се исто. Ај уште ова од мене ко припомош: квалитето на живото најпрвин, а можи да го третирате и ко едино заедништво, спомагање, споделуање и сопатништво. По ними иди сè друго.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Бре, лујѓе мои, ќе нè биди утре али ќр нè нема? (Ова ми је третото бре.) Мене ова прашање ми прај најголема секирација. Заошто? Поради зато шо еднаш мислењето ми је оту ќе нè биди, а другипат али во истовреме оту нема да нè биди односно ќе нè нема. Секирацијата ми ја прај уште поголема од најголема кога ќе загледам и ќе согледам шо сè ни се прај и шо сè си прајме сами на себеси. Шо има ја да редам, можите да си редите сами. Мене ми је друга поентата, шо би рекол кој годе наш стручно-експертски геостратешки аналитичар. Поентата ми је оту ние ко народ не треба да постоиме на свое парче земја! Па зато Македонијава веќе ни ја испокрадоа, ни ја соголија до кола кожа и коска и ни ја прекрстија изроднички безумници, политикантски измеќари и подлизурковци на власт. И то откоа напраија да ни је сè рамно одовде до Тунгузија и назад до овде. Не оту гледаме сеир, таквоото гледање на нештата просто напросто не можи да биди, ами прибидејќи си го прифатиме здраво за готово римското гесло со кое дамна се војвало и се напрајло Римското царство, и то на јазико латински шо је денес мртов, ама никако да изумри: Завади, па владеј. Ко шо ви је сигурно знајно, то-геслото е на римскио император Јулија Цезаро, а се однесуа освен на војвањето и на политиката и на владејнето. Ја не го знам латинскио, прибидејќи нема потреба да го знам кога тој јазик е денес мртов, иако никако тотално да изумри, ама изглеса од шо ми е некако звучен сум го запаметил во оригинал: Divide et impera. Е баш то го применија на нас ко народ нашите стратешки партнери и сега не знајме на шо сме! Ама ко да не ни је гајле, ко многу да не се секираме, ко да сме рамнодушни односно апатични при прашуање ќе нè биди ли али нема да нè има.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Бре, лујѓе мои, го знајте одгооро? Ја според нешто го знам, а според нешто не. Мислам и вие исто. Само едно ќе речам: нема да нè биди ако докрај, до последен жив фатиме џенем, се раштркаме низ свето и земјичкава ја остајме да се запустуа односно да ја напраат пустина нашите соседи со припомош и подржуање на нашите стратешки партнери. Обратно пропорционално је ако се збериме, ако се сепниме, ако се крениме на нозе и на гојдава властодржачки да им удриме по сто и појќе стапој при то броејќи им ги ко еден. Ама и сите да бидиме не еден ко ниеден, ами еден ко сите за еден. На власт, пак, ко наш последен спас да си стајме асолни лујѓе кои нема да владеат, ами ќе работат дење-ноќе за нас.

Ја толку имав да кажам со бре, бре, бре. И знам дека си знајте, ама да не заборајте:

Шо ќе кажи дедо Громче кажано је!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here