28. Стресуањето
Здраво-живо народецу мој,
Не бе, не ми дојде стресуањето на мојо дневен ред онака, ко шо се вели од небо во ребро, ами од то шо изминатио долгорочен период и особено дниве глеам колку се стресени и колку се стресуаат оние на кои божем никој ништо не им можи. Мислам најпрвин и најпосле на власта ем со симнати ем со стресени гашти. Ич не е убоо да ги глеаш со такви, особено оту гаштите им се испоганети. Да бе, народецу мој, заглеај ги такви и ти гарантирам оту и тебе стресуањето само ќе ти се наметни на мислење. Знам, малу ти је нелогично ко ќе се сетиш колку долго се со симнати гашти, а дури сега им се стресени, па уште и избербатени. Да ти кажам прао, и мене ич не ми е логично. Поготово уште ако си додадам и ако ти додадам дека се радуаат ко мали деца оту се во такво положение! Али се преправаат оту се радуаат и оту им е мило ем драго одозгора на то. Ја мислам оту појќе се преправаат. То ми го кажуаат самите со то шо се кисело ем застрашено расклештени, а на суратите им се чита оту им је пишано црно на бело. Ама ај да си тргнам со ред, односно да си го фатам својо ред.
Стресуањето ко такво, сакам да речам само по себе, си го прај чоек сам на себе и едновремено му го праат заради и поради нешто; а кое нешто не је ко шо треба али не је напраено ко шо требало да се напрај. То, ко такво односно само по себе, не треба да трај многу прибидејќи од многу траење чоек може да се изразболи, дури после да не мојт никако да оздравеј. То му иди ко да се стреси чоек за да се попрај али да ја опрај работата. Е, ама проблемо стануа проблематичен коа је често, се случуа катаден, денум и ноќум, зато шо стануа стрес. Сигурен сум оту знајте шо е то стрес, ама ај да ве научи дедо Громче.
То је слично, ама прилично различно од стресуање. Првин оти е психо-физичка состојба на телото и духо, ко шо се нарекуа стручно, и се повторуа односно стануа хронично, ко шо се нарекуа експертски. И удира директ на срцето или во срцето. Па чоек се дамлосуа ко шо викаш ти, народецу, а со мали али големи, некоаш тешки, мачни, некоаш дури трагични и трајни последици. Можи да удри и на мозоко или во мозоко, та чоек да се шлогира во медицинарска смисла.
Ја сега и овде нема да се позанимавам со стресуањето и стресо филозофски, ко шо се занимаваат филозофите со најголемото филозофско прашање во врска со јајцето и кокошката-шо е попрво, јајцето али кокошката. Поради и заради то шо нема потреба и можи да ни се испомешаат нештата, па на крајо на краиштата да останиме ја и ти, народецу, за долго време испомешани. Зато ќе се позанимавам со ними актуелно шо се вели, односно визави она шо се случуа дниве и ќе се случуа во наредниве недели, можи месеци, богами и годиње во протекторато викан Северџганија; поточно, попрецизно и појасно речено-случуано од негојо најголем, најважен, прв и пресуден стратешки партнер-Американа. Да де, мислам на стресуањето на гаштите на власта, топтан дамна со симнати гашти, а заради и поради пораката на амбасадорката на партнеро оту е дојдена да ја чисти корупцијата прибидејќи ситуацијата на тој план станала не сериозна, не загрижувачка, не опасна али застрашувачка и загрозувачка, ами катастрофална!
Ја порано монологизирав за коруцијата. Кој не прочитал или просто прескокнал, нека се врати наназад, нека ги сврти странициве накај почетоко. Така шо ќе се сконцентрирам на стресуањето од аспекато на катастрофалната ситуација заради стресуањето со симнати, дури избербатени гашти. При то имајќи го на ум она шо гарант ќе се случуа утре од денес во протекторато во целина.
Лујѓе мои, и мене не ми изгледа логично ова со стресуањето на гаштите, ама то је то. Нелогично је то шо, ко шо је општо познато во свето и кај нас, на властодршци и вбластољупци со симнати гашти ич не им е важно дал` некој ќе им ги стреси али не. Дур`ни то шо им ги стресуа најголемио, најважнио, првио и пресуднио стратешки партнер на перотекторато-Американа. Да, проблем је шо гаштите им се веќе баеѓи избербатени, ама то лесно ќе го решат со тотал симнуање, односно да ги слечат гаштите и да ги фрлат на бунишче, та да останат со голи газој. Па да биди ко шо вели една народна изрека: „ Од газојте им ѕиркаат празојте“. Демек да си го докажат она шо је општо дамна познато: божем се од високата класа, та е нормално да се на високи места во власта, ама не можат да го сокријат своето селско потекло, односно опинокот во нивните глај ко шо вели еден наш поет и пеач. Ја дури помислуам, не ни помислуам да проверуам, оту сите во власта на Северџганија, докажано во катастрофална корумпирачка состојба, се дамна без гашти. Ама нема гајле. И то ќе го проверат дојдениве американски експерти, па ќе им поможат да си купат нови гашти за да си продолжат ко досега, со симнати.
Да се вратам на стресуањето и стресот едновремено такви ко такви. Ја мислам оту обете власта ќе си ги продолжи ко досега, можи дури и посилно и пошироко и подлабоко! Заошто мислам така? Заради и поради то шо нема да се напрај она шо вие, лујѓе, го очекуате и на шо се надеате. Се знај шо: прво конфискација на сè украдено и ограбено уште од почетоко на некогашната независна и самостојна Македонска република, па сè до денеска на протекторатов Северџганија, сосе префрлените милиони, море милијарди долари ем евра во срански банки, на скришни сметки; како и секаквите матни бизниси и зделки во четири очи. И така, секој шо ќе се најди погоден поради то нека тужи, нек` се суди, нека го докажуа потеклото. Да се повторам со српско-германски израз на еден поранешен црпнат премиер, политикант, велепредавник и лажго: е то мало морген.
Туку, ја мислам, и дај Боже да грешам во мислењето, оту сета оваа дигната џева со корупцијата на северџганскава власт е за друго одзади. Многу поголемо, а поврзано со нешто што дамна баш најголемио, најважнио, првио и пресуднио стратешки партнер на протекторато-Американа го нарече линија на огно.
Дај Боже да грешам, ама мене баш ми изглеа оту скоро огно на линијата ќе се разгори. Во меѓувреме, сакам да речам уште поскоро, шо се вели денеска за утре ќе се суредуа Северџганија уставно за да се дораздели и да те збрише тебе, народецу мој! Баш ко никоаш да не си бил на оваа до неодамна твоја земја.
Ја ко ќе кажам кажано је!