Потребно време за читање: 3 минути

Зелениот чај ја продолжува младоста, а го намалува ризикот од болести на срцето и крвните садови. Исто така ја намалува опасноста од раст на тумор, дејствува противвоспалително и воопшто го намалува ризикот од заболувања и смртност.

Зелениот чај е традиционален чај од кинеско потекло. Распространет е на Далечниот Исток, посебно во Кина и Јапонија. Од 19. век се проширил во другите тропски и суптропски предели.

Расте до 3 м високо и е обраснат со доглнавести зимзелени лисја. Во нив се застапени биоактивните материи теин, теобромин, теофилин и етерично масло.

Во Кина при преработката не се врши ферментација (вриење), не се разградува хлорофилот, туку веднаш брзо се пржи. Доколку се примени подрастична технолошка постапка, тогаш се добива мошне познатиот и омилен руски чај.

Листовите на чајот се пржат во глинени садови над жар и се истураат во корпа за да се оладат на провев. Потоа се потриваат помеѓу дланките, се развиваат и повторно се потриваат и развиваат. Тоа се повторува неколку пати, се додека од листот не престане да излегува зеленкаст сок. Повторно се протриваа, се уфрлаат во казан за пржење, се вадат, се завиваат и противаат, просејуваат, се сушат над жар, грижливо се остранува се што не чини и уште топло херметички се пакува во глеѓосани или лакирани метални кутии обложени со калај (тоа се убави кутии кои посебно ги сакаат Англичаните).

Прочитај и за ... >>  Додатоци во исхраната што ги препорачуваме за оваа зима

Интересно е дека чајот за домашна употреба Кинезите вештачки разновидно го ароматизираат според вкусот на своите потрошувачи. Натој начин што се раширува тенок слој на разно мирисно цвеќе (јасмин, гардении и сл.) и се остава извесно време, па се отстранува, а на негово место се рашиурва слој пржен чај. Тоа се повторува неколку дена додека чајот не го прими мирисот на односното цвеќе.

Кај нас е обичај по земање на поголеми количества алкохолни пијалоци да се пие јако кафе, а други народи пијат јак чај, зашто кофеинот дејствува спротивно на алкохолот-додека алкохолот дејствува депресивно врз централниот нервен систем, кофеинот го надразнува. Чајот со кофеинот го подобрува дишењето, зашто го надразнува респираторниот центар, ја зголемува вентилацијата на белите дробови, па човек полесно дише и се чувствува попријатно. Го надразнува и центарот за крвотокот, поради што работата на срцето е поправилна, појака и подобра. Срцевиот мускул подобро се храни и така јакне, поради што и работата на срцето се подобрува.

Поради огромните количества танин (најдобите сорти чај имаат повеќе од 30%) и други сродни полифенолски соединенија, чајот дејствува и како типично танинско лековито растение против пролив, воспаление на слузницата и кожата, изгореници, за јакнење на организмот итн.

Чајот е важен противотров во случај на труење со алкалоиди и тешки метали (танинот ги врзува во нерастворливи соединенија кои нештетно се отстрануваат по природен пат од организмот).

Прочитај и за ... >>  Грешки на здравите луѓе во исхраната и најдобар оброк

Зелениот чај е добар тоник, стомахик, стимулатор и слаб диуретик.

Едно истражување во кое биле посматрани над 40.000 луѓе покажало дека зелениот чај може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести речиси за четвртина, го намалува ризикот и од други заболувања и на тој начин го продолжува животниот век. Тој содржи антиоксиданси кои помагаат да се зачуваат ќелиите чие оштетување може да доведе до болест.

Научниците веќе ги проучувале неговите ефекти врз многу болести-од холестерол до ризик од заболување од некои видови рак и досега добиле различни резултати.

Во студија објавена во американскиот „Журнал за клиничка исхрана“ истражувачите одлучиле да најдат одговор на прашањето дали оние што пијат зелен чај имаат помал ризик да заболат од инвалидитет кога ќе остарат. Јасатуке Томата од Тохоку медицинскиот универзитет и неговите колеги испитале повеќе од 14.000 возрасни лица од 65 години и малку постари. Тие откриле дека оние што пиеле најмногу зелен чај имале најмалку проблеми со функционалните способности или помалку проблеми со дневните активности, како и со основните потреби како што се облекувањето или бањањето. Речиси 13% постари кои пиеле помалку од шолја зелен чај дневно станале функционално онеспособени во однос на 7% луѓе кои пиеле речиси 5 шолји чај дневно.

Луѓето кои пијат околу 5 шолји зелен чај дневно имаат 3 пати помалку проблеми со кои било здравствени пречки од оние кои пијат помалку од шолја дневно. Оние што пијат 3 или 4 шолји дневно имаат 25% понизок ризик.

Прочитај и за ... >>  Паметни ќелии

„Конзументите на зелен чај се значително поврзани со понизок ризик од функционалните неспособности“, констатираат Томата и неговите колеги.

Љубителите на зелен чај главно поздраво се хранат-во својата исхрана вклучуваат повеќе риба, зеленчук и овошје, а и помалку пушат и помалку имаат срцеви проблеми. Исто така, тие имаат тенденција да бидат друштвено активни.

Предупедување:

Додека зелениот чај и неговите состојци се сметаат за сигурни во помали количества, поради кофеинот и малите количества витамин К може да го попречуваат дејството на лекови против згрутчување на крвта.

Со претерано и подолго уживање чајот предизвикува несоница, опстипација (затвор и мрзеливост на цревата), отежнато варење, губење на апетит и систематско слабеење на организмот. Овие последици се забележани во Кина, Англија и северна Афрка.

Овој чај како напиток е корисен во борбата против акни. Го олеснува варењето и ја помага детоксикацијата на организмот, што е добродојдена помош во спречување на настанување на акните.

Зелениот чај не би требало да се пие со шеќер, зашто на тој начин се намалува неговиот ефект.

Подготовка:

Доколку на упатствата на пакувањето не е поинаку назначено, чајна лажица растение или филтер вреќичка прелијте со 0,2 л врела вода. Поклопете и оставете да отстои 5 до 10 минути. Процедете и пијте свежо подготвен чај.