Потребно време за читање: 4 минути

Постојано го користиме терминот „бизнис“, а многумина не го знаат неговото основно, суштинско значење:
Бизнис (англ. business, герм. Geschäft) е работа, вработување, деловна активност, а во најшироко значење може да се однесува на деловен зафат, работа, труд.

Во економската практика и научната теорија на развиениот свет, особено на американскиот и англискиот, овој израз најчесто се користи како општа ознака на секое дејствување кое во себе содржи деловност, прретприемништво, трговија и заработка.

Неретко овој израз може да се однесува и на компанија, претпријатие, фирма и сл.

Често се користи во одредување на успешноста на работењето како „добра работа“ (business) или „лоша работа“, како и во одредувањето на опфатот на работењето како „голема работа“ (big business) или „мала работа“ (small business).

Со изразот бизнисмен (businessman) се означува деловен човек во различни економски дејности.

Во слободниот пазарен економски свет вообичаени се следните облици на организација на бизнисот:
а) поединечен или едносопственички (solo propietarship);
б) партнерство- ортаклук (partnership); и
в) корпорација.

За сите три облици на организација се битни следните елементи: претприемач- главнина- бизнис. Тоа се елементи кои ја обединуваат претприемничката иницијатива и неговото дејствување. Во секој случај, овде е битна работата, и тоа работата која донесува добивка.

Треба да се наспомне дека бизнисот со ништо не е ограничен. Тој дејствува според законитостите на пазарната понуда и побарувачка.

Да се занимаваш со бизнис значи да се занимаваш со која било законски допуштена работа која донесува профит (добивка);

-Деловната способност (англ. legal capacity, герм. Geschäftsfähigkeit) е својство со својот активитет, значи со сопствено изразување на волјата, да се стекнуваат права и обврски.

Деловна способност имаат физички и правни лица. Во рамките на деловната способност на физичките лица постојат три степени: полна, ограничена способност и деловна неспособност.

Прочитај и за ... >>  Инвестиции

Полна или целосна деловна способност се стекнува со навршени 18 години. Лицата на таа возраст ги нарекуваме полнолетни. Полнолетното лице може само да склопува правни работи, а при нивното склопување може да се послужи со договорен застапник ( на пример адвокат). Малолетно лице со склучување на брак станува целосно деловно способно.
Лицата со ограничена способност по правило можат сами да склопуваат правни работи. Тие вредат дури откако ќе ги одобри нивниот законски застапник. Правната работа што ја склопува лице со ограничена деловна способност се нарекува куца (крива) правна работа (negotioum claudicans).

Ограничено деловно способни се само лица кои по понолетноста се делумно лишени од деловна способност. За валидноста на правните работи кои ги склопуваат е потребно одобрение од страна на старател.

Малолетници со навршени 15 години кои стапуваат во работен однос без одобрение на родителот или старателот можат да располагаат со својата заработувачка.

Лица кои се целосно деловно неспособни не можат да склопуваат правни работи. За нив ги склопуваат нивни законски застапници. Целосно деловно неспособни, освен малолетниците, се и полнолетни лица кои од со закон одредени причини се целосно лишени од деловната способност (на пример душевни болести).

Правно лице има деловна способност и како таква може да биде носител на права и обврски, а нив може да ги стекнува и пренесува самостојно. Правното лице ја изразува својата волја со договор или статут (статичка волја), како и преку свои тела (динамичка војла). Телото на правното лице не може да се поистоветува со застапник зашто работата на застапникот е негова сопствена работа која тој ја презема во име и за сметка на застапуваниот, додека работата на телото е работа на самото правно лице;

Прочитај и за ... >>  Безработица/Невработеност

-Ризикот (англ. risk, герм. Risiko, Wagnis) е можност за материјална и/или нематеријална загуба.

Поимот на ризикот во пошироко значење означува и опасност.

Осигурување од ризик подразбира осигурен ризик од одредени опасности, на пример пожар, незгода и сл.

Осигурителот со условите на осигурување или со договор за осигурување утврдува:
1. кои ризици ги покрива со одредено стандардно осигурување;
2. кои ризици се преземаат со одредени зголемени премиски стапки (на пример зголемени ризици);
3. за кои ризици се ограничува осигурената сума до одреден износ;
4. кај кои ризици со одделна одредба се ограничува ширината на покритието, на пример временски;
5. кои ризици се исклучени, на пример воените.

За преземените ризици осигурувачите водат статистика на ризиците. Врз статистички податоци и примена на теоријата на ризикот тие ја темелат својата деловна политика.

Осигурувачите имаат можност ризикот да го прифатат во осигурувањето или да го одбијат (исклучок се задолжителните осигурувања од одговорност). Кај прифаќањето или одбивањето на ризикот целта е одржување на техничката (однос помеѓу премиите и штетите) и финансиската стабилнсот на осигурувачот (солвентност), односно отпимизирање на преземните ризици.

Во врска со ризикот има еден англиски термин кој засега кај нас се уште не се одомаќил односно не се користи почесто: risk management (англ. и risk assessment, герм. Risikoverwaltung). Тој подразбира сигурна идентификација и преземање на ризикот со цел оптимализација на осигурително- техничката и финансиската стабилност на осигурувачот.

Risk management означува:
1. начин на водење на политиката на ризикот на осигурувачот, што во основа е утврдување на премиски стапки, утврдување на франшиза за одделни ризици, односно осигуреници, утврдување на самопридржување на осигурителот;
2. изнаоѓање на квалитетни реосигурувачки покритија согледувајќи ги доволноста на капацитетите и солвентноста на реосигурувачот;
3. превентивни активности;
4. следење на промените на структурата на ризикот и штетите поради климатски, брзи технолошки и општествени промени кои имаат значајно влијание врз порастот на криминалот и саботажите;
5. вложување на средства, посебно на различни облици на кредитирање, избегнувајќи го ризикот на ненаплата на побарувањата, инфлацијата и девалвацијата.

Прочитај и за ... >>  Хедхантери

Risk management има широка примена и значење во дејностите на осигурување во земјите со развиено пазарно стопанство.

Уште еден важен термин непосредно поврзан со ризикот: ризик на инсолвентност (анг. insolvency risk). Се работи за најчест ризик кој заедно со ризикот на стечај се осигурува во осигурување на кредити од комерцијални ризици. Кај осигурувањето од некомерцијални ризици ризикот на инсолвентноста има помала важност.

Доколку должникот не е во можност да ги исплати докрај своите обврски спрема доверителот во одредено време, осигурителот во одредени услови ќе ја наплати должниковата обврска, со тоа што осигуреникот (доверителот) откако оштетата ќе му биде исплатена со пишувана исправа му ги пренесува на осигурителот сите права кои ги има спрема должникот или неговиот наследник во висина на исплатената оштета.

Инсолвентноста е основна причина за евентуално спроведување на стечајна постапка на претпријатието.

Ризикот на инсолвентноста во осигурувањето на побарувањата од некомерцијалните ризици се јавува кога должникот нема да го плати долгот во законски утврден рок, ако должникот е државата или владина организација, односно физичко лице за чие плаќање гарантира државата или владината организација. Се јавува и тогаш кога поради природни катастрофални настани во должниковата земја должникот поради недостиг на средства за плаќање не е во состојба да ја изврши својата обврска на плаќање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here