Потребно време за читање: 4 минути

Има многу бизарности во светот кои ги случуваме или ни се случуваат. Неретко и со несогледливи последици, неретко и трагични. Во секојдневниот живот, однесувањето, во работата, професијата, уметноста, науката…

Постојат научници што спроведуваат експерименти во кои се истражуваат бизарни претпоставки или се користат бизарни методи.

Еве поширок избор од подалечното и поблиското минато:

Што се случува со слон ако му дадете ЛСД?
Тоа сакале да го проверат истражувачи од Оклахома Сити во 1962. година.

Директорот на градската зоолошка градина одлучил на слонот Туско да му се впрскаат 297 милиграми дрога ЛСД. Инаку, оваа доза е 3.000 пати поголема од стандардната за човек и претставува најголема кога било впрскана во некое живо суштество.

Истражувачите сакале да проверат дали дрогата ќе предизвика привремено лудило и однесување кое понекогаш се јавува кај мажјакот слон.

За жал, експериментот не успеал зашто Туско реагирал како да го боцнала оса. Рикал низ својата сурла некое време, а потоа се превртел на едната страна. Исплашените истражувачи се обиделе да го повратат, но тој угинал еден час подоцна. Нивниот заклучок бил: „Се чини дека слоновите се мошне чувствителни на ЛСД“.

Во годините што следеле контроверзата околу тоа што го убило слонот опстојувала. Дали го убил ЛСД или лекот со кој се обиделе да го оживеат? Поради тоа научници од Калифорнискиот универзитет одлучиле да ја завршат дебатата со нов експеримент со два слона слични на Туско. Наместо впрскување на ЛСД во крвта, дрогата овој пат била ставена во вода за пиење. По конзумацијата слоновите не само што преживеале, туку не биле ни малку вознемирени. Додуша биле по малку инертни, се нишале лево-десно и напред-назад, а правеле и чудни звуци. Но по еден час се вратиле во нормала.

Прочитај и за ... >>  Зошто синиот џинс се прошива со портокалов конец?!

Заклучокот на повторениот експеримент е дека Туско веројатно во крвта директно примил доза која минала одреден праг на токсичност;

-Послушност и убиство
Експериментот на Стенли Милграм бил изведен на Јејл на почетокот од 60-тите години на 20. век. Докажано: ако барањето за убиство се претстави на соодветен начин, речиси секој послушно станува убиец!

Милграм им објаснил на субјектите дека учествуваат во експеримент во кој се проверува влијанието на казнување врз процесот на учење. Еден волонтер, вусшност глумец во контакт со Милграм, би требало да меморира серија на парови на зборови. Втор, вистинскиот субјект, би ги читал паровите и би пуштал електрични шокови секогаш кога би добил погрешен одговор.

Експериментот започнал. Лицето кое требало да ги запамти паровите од зборови почнало да дава погрешни одговори и мошне брзо струјните удари достигнале 120 волти. Во тој момент глумецот почнал да вика и да плаче зборувајќи „Е, ова навистина боли!“. На 150 волти почнал да вреска и да бара да биде пуштен. Збунет, волонтерот се свртел кон истражувачот и го прашал што да прави, на што добил одговор дека експериментот бара да продолжи.

Всушност, Милграм воопшто не го интересирало како казнувањето влијае врз процесот на учење, туку колку долго луѓето ќе го притискаат копчето за електрични импулси пред да одбијат натаму да учествуваат во експериментот. Дали ќе останат послушни сѐ додека некого не убијат?

На негово изненадување, иако волонтерите можеле да ги слушнат повиците за помош, молбите и врескањата од соседната соба, две третини од нив продолжиле да го притискаат копчето се до крајот на скалата, што значело напон од 450 волти. Во тој момент глумецот веќе бил ужасно тивок, вееројатно мртов. Субјектите се потеле, се треселе, некои хистерично се смееле, но продолжувале да го притискаат копчето. Дури и кога повеќе ништо не слушале од глумецот, ниту имало какви било движења, барањето за зголемување на напонот и натаму го почитувале;

Прочитај и за ... >>  Најосамена телефонска говорница

Двоглав пес
Владимир Демиков во 1954. година го шокирал светот откривајќи дека со операција создал чудовиште- двоглав пес. Креатурата ја создал во лабораторија спојувајќи глава, раменици и предни нозе на кученце на вратот на возрасен германски овчар.

Демиков својата креатура ја прикажувал пред новинари ширум светот. Тие можеле да видат како обете глави пијат млеко, а она од помалата глава тече низ неповрзани медицински цевчиња. Советскиот сојуз овој експеримент го користел како доказ за надмоќноста на нивната медицина.

Во наредните 15 години Демиков создал дваесетина вакви двоглави пци. Ниедно од нив не живеело долго, најдолго еден месец;

Хибрид човек- мајмун
Со децении се ширеле гласини дека Советите се обидуваат да создадат хибрид од човек и шимпанзо, а тоа не се дознало се до распадот на СССР.

Доктор Иља Иванов бил светски признат ветеринар за репродуктивна биологија. Но тој сакал да направи многу повеќе. Затоа уште во 1927. година отпатувал во Африка за да се обиде да вкрсти човек и мајмун.

За среќа, неговите обиди не биле успешни. На ова најмногу може да им се заблагодари на локалните соработници од Западна Гвинеја, каде што работел, а од кои сето време ја криел вистинската цел на експериментот. Тајновитоста спрема соработниците го оневозможила да стори што било. Единствено што успеал е неколку пати да оплоди женка на шимпанзо со човечки сперматозоиди. Разочаран се вратил во Советскиот сојуз со шимпанзо по име Тарзан, а за да се обиде својот животен сон да го оствари дома. Потоа барал волонтери кои би затруднеле со помош на Тарзановите сперматозоиди. Успеал да пронајде неколку, меѓутоа Тарзан набрзо угинал, а Доктор Иванов завршил в затвор на неколку години;

Прочитај и за ... >>  Мистериозни откритија кои не можат да се објаснат

Стенфордов затворски експеримент
Филип Зимбардо бил заинтересиран да истражи зошто затворите се толку насилнички места. Дали е тоа поради замите затвореници или поради затворскиот систем како таков?

Во визбата на Одделението за психологија при Станфорд изградил копија на затвор. Избрал млади мажи волонтери, со чисто криминално минато и со „нормални“ резултати на психолошки тестови. Случајно направил две групи- затвореници и стражари. Идејата била да ги остави две недели во симулација на затворски живот за да види што се случува.

Мошне брзо, уште во текот на првата ноќ, социјалните односи се влошиле. Затворениците почнале да се бунтуваат, а стражарите да одговараат со примена на сила, неконтролирани претреси, давање и земање на привилегии, ускратување на храна…Под ваков притисок затворениците почнале да попуштаат. Мошне брзо имале разни симптоми на стрес и незадоволство.

По неколку дена се видело дека сите своите улоги ги доживувале како повеќе од игра. Дури и Зимбардо му подлегнал на влијанието на целиот систем. Почнал да доживува параноични стравови дека затворениците ќе се обидат да избегаат, па сакал дури да ја ангажира и локалната полиција?! За среќа, сфатил дека работите отишле предалеку. По само 6 дена среќните студенти кои го почнале експериментот станале стушени затвореници или садистички стражари.

Следното утро е свикан состанок и на сите им е речено дека експериментот е завршен. Затворениците биле среќни, но мора да се каже дека на стражарите не им било по волја. Тие прилично уживале во својата моќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here