Бидува, 121-130

Бидува

121. Настан

Се случил настан
безначајно каде.

122. По многу години

Заборав за непостоење
во судбинско невреме.

123. Без зборови

Има зборови кои могу
зборуваат без зборови.

124. Бесрамие

Нему не му е срам од сè сторено
оти не се знае себеси како човек.

125. Можности

Секој пред избори меѓу можности
слични, различни, блиски, далечни.

126. Умноста

Никогаш на умноста сама
не ѝ треба да се докажува.

127. Паметам

До каде бев и каде сум
паметам без сомнение.

128. Залажување

Да те имам во мене
за да не те изгубам.

129. Еден град

Веќе нема еден град
на младост и старост.

130. Надежна искра

Ни знак ни глас,
а сè знам за нас.  

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.