Потребно време за читање: < 1 минута

92. Знам, а нема да узнам

Јас знам што ме враќа
во висока шума изгорена
од крв и од огнови
во извор низ грамадна карпа
како човек опстојник на ветер
под модро небо и бели молњи

и знам што ме навраќа
на луѓе обѕидани со векови
со страв во сомнеж
без ронка надеж
дека никогаш повеќе нема
да им се случи да бидат
пак заедно со блиски
и најблиски

тоа е длабока тоа е немерлива
тоа е жестока и пеколна
тоа е неподнослива
болка во свеста
дека сѐ што оставам зад мене
никому нема да му остане
за долго паметење

ама не знам и никако да узнам
и знам дека нема да узнам
зошто уште напред
ме турка моево време
сосе семево што го фрлам
само од мене во мене
во пустава и сува земја

не ќе е до обессиленост
не ќе е до беспомошност

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here