fbpx Прескокни до главната содржина

Бериќатверс’н

Бериќатверс'н

Помалку познати зборови од македонскиот народен говор кои би било добро поначесто да ги користиме. Особено во секојдневните муабети со оние што се со нас или пред нас. За да сме си наши:

-елбете-се разбира; така е; секако, бездруго;
-бериќатверс’н-благодарам; нека е со среќа;
-оградиса-настрада;…
-зулумќар-насилник, пљачкаш;
-прокопсан-разбран, разумен, домаќин човек; послушен
-видело-светлост;
-каптиса-усвои, зеде; научи;
-аклија-што има право, прав човек;
-маскара-за никаде, за срамови сторен, за потсмев;
-глаголи-зборува.

Моја „општонародна“ порака:

Бериќатверс’н, се најде еден прокопсан, аклија, кој каптисуа народецов што глаголи. Елбете, маскара ќе се сториме сите ако остајме да оградиса од зулумќарине. За никоаш поеќе видело да си немаме.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.