• АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА VI
    22. За грешеното и згрешеното барај прошка веднаш. Ако одложиш за другпат, ќе стане големо та преголемо да не може да се прости.  
  • ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА X
    745. Чудно? Какви што се, ич не е!Просто се пењават за правна држава, а толку неправни работи сторија и сторуваат.
  • ПОЈ НА ПТИЦИ И ДЕТЕ, Пој на птици во лет, асптрактна поезија/немски песни, 20
    20. Клукајдрвец на дрво Гекер имодиски пласкоразлотно убаротика стромотроглис иклемен цркотмемладар влотекон јакледодешиколроретон телимис клекидежене ќелитија битерокѕевѕерас ѓилитон шамоллокобен наниски флерсгекегенвол.
  • ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА
    739. Што може да ти се случи ако не гласаш на избори во држава на мафија? Ако не си партиски измеќар, баш ништо! Важно нема да бидеш излажан и изманипулиран.
  • ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА
    955. Лицемерно е да ти се признае делото откако ќе почне твоето Време на заборавот. Достоинствено е и тоа да исчезне заедно со тебе.
  • АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА II
    Нека ни е сè што ни е штом дозволивме изроди, простаци и незналици да владеат со нашите животи.