909. Северџганската власт го разнебитува македонскиот национален идентитет!
Јазикот со кирилското писмо е еден од неговите столбови. Македонскиот јазик не познава латиница, што значи дека таа е и противуставна!
Без оглед на тоа, се прифаќа латиница на јазик на странска земја-англискиот, и тој се применува во јавниот сообраќај!
Зошто на регистарските таблички на возилата кратенката на новото име на Македонија е NMK, а не СМК?! (Кратенките на градовите на нив имаат кирилична „алтернатива“ со налепница пред бројот.)
910. Време е ЕУ да престане да ни продава магла. Време е да научи дека не може да има добрососедство меѓу добар и мирољубив, и лош и насилен сосед.
911. Во држава на мафија властодршците и властољупците им се платеници и измеќари на вазалните мафијаши.
912. Богами, воопшто не е лесно да не знаеш, а да владееш, па уште и дебело да си платен за лажење, мамење и крадење.
913. Тоа е, без оглед дали ти го прифаќаш или не.
914. Против секое зло големо или мало-дури не го сотреш.
915. Овде сум со заробено тело, а со слободни дух и мисла сегде.
916. Допрва ќе го согледуваме големината и длабината на велепредавството на властољубивите политиканти, платеници, лигуши и измеќари.
917. Неснослива смрдеа се шири од дувлата на политичките партии на власт.
918. Боли оти огнот тлее, а не гори, а не се разгорува.
919. Слободарски народ и голорак е силен.
920. Сакале или не сакале ние, ништо меѓу нас не било, ниту ќе биде.
921. Многу скоро ќе го прифатиме нашето разнебитување како свршено и неминовно. Исто како досега: обессилени, рамнодушни, безнадежни, застрашени и со притаен гнев.
922. А бре смрдежи политикантски на власт, се правите наудрени, а знаете дека билингвална држава по дифолт не може да биде унитарна.
923. Се разбира дека негов проблем е како живурка и зошто помирливо мисли оти во ветер создаде големо дело.
924. Ни трага ни глас ни знак од нас. Сè наше сосе нас збришано. Како никогаш да не сме биле.
925. Претставата уште се подготвува. Режисерот има време да ја изрежира како што ја замисли. Има мали проблеми со некои епизодисти, но ќе ги с(у)реди или ќе ги замени со други.
926. Конечно се одважи и на силникот му покажа заби.
927. Мал човек расте во заблуда.
928. Пресметливата опозиција е конструктивна.
929. Што може да се очекува од зависни ем плашливи? Да бидат циркуски кловнови.
930. Трајко и Трпе го викаатг Спасе да им ја бистри позициско-опозициската политика.
931. Љубовта пламнува мигум и гори безмерно.
932. Американската амбасадорка во Македонија ја изгуби дипломатската тактичност и се разобличи како поддржувач и бранител на корупцијата и мафијаштвото на натурената ДУИ-џиско-СДСМ-овска власт. И тоа како „составен дел“ на процесот на разнебитување на Македонија и Македонците.
Што ќе биде следниот чекор на САД?
933. ДУИ-џиско-СДСМ-овската власт со скандалозниот договор со конзорциумот „Бехтел и Енка“ се докажува не како проевропски, туку како проамерикански „фронт“ во економската војна на Балканот. Која од ден на ден се разгорува сѐ повеќе.
934. Сегде кај што навлегла американска бизнисменско-олигархиско-воена камарила, сегде пустош направила.
935. Пред да заминеш, обѕрни се да видиш и да запаметиш што оставаш.
936. До последен со идентитетско лично и национално достоинство во последна битка со предавници, пљачкаши и безочни освојувачи на туѓо.
937. Раздели, па уништи.
938. Бесцелната саможртва се заборава најбрзо.
939. Таа секако ги знае дипломатските вештини, ама нема потреба да ги користи.
940. Симнале туѓински измеќар од коњ на магаре, та ене го како цимоли и лелека. А магарето се клоца, ни тоа не сака да го носи на грб.