Потребно време за читање: < 1 минута

881. Залудно збориш кога сите молчат.

882. Конечно реши да купи билет за во еден  непознат правец.

883. Не е врела шлаканица за образ ѓон.

884. Болно срце во заборав.

885. Крадат ли крадат пари од народот, а народот беден и сиромав!

886. Западот го труе, го краде и го ништи Истокот. Убивајќи се себеси.

887. Стар бел дедо:
Бегај од скотскиот градски живот барем во деновите за викенд!

888. Земјата е конечно нивна за да биде без нас! Веќе не е наша!

889. Не случајно Сонцето изгрева на исток, а зајдува на запад.

890. Владеам со себе и никому не му дозволувам да завладее со мене.

891. Некоја незнајна сила ме тера да создавам дела деноноќно. Јас ја нарекувам нескротлива творечка енергија.

892. Среде Балкан, среде Европа, во Македонска република „стратешкиот партнер“ спроведе апартхејд!

893. Велепредавничката ДУИ-џиско-СДСМ-овска власт на Северџганија не ја продава, туку ја продаде Македонија за „грст златници“ (милиони евра). Само се чека „поволен момент“ тоа да го обзнани!

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА XVIII

894. Слепци водат слепи при очи во слепа улица.

895. Многу им е тешко на стари без млади и на млади со стари.

896.-Жив си?
-Се мачам.

897. Му се радувам на денов што го дочекав на нозе.

898. Мислам дека можам уште зашто мислам.

899. Не е тој за да бидеме други. Тој е за да не сме ние.

900. Тлее последното жарче во домашно огниште.