Сѐ за цвеклото-неговата хранливост и лековитост

Потребно време за читање: 2 минути

Цвеклото ги содржи речиси сите минерални состојци: калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, рубидиум, литиум, стронциум, бром итн. Значајно е присуството на витамините Б1, Б2, Ц и П, како и на витаминот Б12, исклучително редок во прехранбените продукти од растително потекло, а толку важен за вегетацијата. Благодарение на присуството на антоцијанот, кој му дава топла црвена боја на сокот на цвеклото, а влијае и врз обновувањето на крвта, ова благородно растение дејствува и антиканцерогено.

Мошне се големи здравствените ефекти на цвеклото во случај на деминерализација на коските и забите; присуството на јодот го прави драгоцено во борбата против артеросклерозата и забавувањето на процесот на стареењето. Сепак, основата на повеќестраната лековитост на цвеклото ја прават бетанинот и бетаинот, оти ја поттикнуваат размената на материите, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, ги одржуваат крвните садови, ја поттикнуваат работата на црниот дроб итн.

Неколку рецепти со користење на цвеклото

Сок од пресно цвекло против најтешки заболувања (-тумор):

Со готвење цвеклото ја губи лековитоста, па е најдобро да се пие сок од пресно цвекло. Од 1 килограм цвекло се добиваат околу 700 грама сок. Цвеклото треба да се излупи тенко, ситно да се изренда, да се прелие со сок од лимон и со мед. Кога малку ќе отстои, се истиснува сокот и се пие во голтки преку целиот ден. Кај потешките заболувања треба да се пие дневно 1/2 до 1 литар сок. Кога ќе се почувствува подобрување дозата се намалува на 1/4.

Чорба од цвекло за јакнење и чистење на крвта:

Се мијат две везички млади листови од цвекло, се сецкаат тенко и се ставаат да се готват. Со тоа треба да се готви и везичка од лисја од магдонос. Додека се готви лисјето (10-15 минути), се сецкаат ситно млад кромид и лук со перца, се изрендува еден корен морков, еден корен магдонос и помал корен од целер. Се изрендуваат најситно и 4-5 цвекла, се се прелева со голема лажица масло и сок од лимон, и се става во водата со лисјето, а потоа веднаш се трга од огнот. Се додава исечкан лист од магдонос.

Салата од цвекло за јакнење на црниот дроб и желудникот:

Крупно се изрендува цвекло и половина помалку корен од целер. Се зачинува со малку сол, оцет од јаболко, лажичка маслиново масло и мелен ким. Се меша со кисела павлака и се посипува со лист од магдонос.

Leave the first comment