Природна козметика

Потребно време за читање: 3 минути

Една индијанска пословица вели: „Во билките може да се најде сета моќ на овој свет. Оној што ќе ги сознае нивните тајни својства, станува семоќен!“

Денес постојат разни „природни“ козметики. Како да ја препознаете вистинската

Природната козметика стана тренд во последниве години. Сѐ почесто се среќаваме со изразите natural и organic.

Еве неколку насоки кои ќе ви помогнат да ги разјасните недоумиците и полесно да ги препознаете вистинските природни производи.

Не е доволно на пакувањето на некој козметички производ да стои терминот „сосема природно“ или „природно“, и тоа да ви биде гаранција дека купувате квалитетен природен производ. Билните екстракти можат да бидат додадени во мошне мал процент, а билките што се додаваат на козметичкиот препарат често минуваат низ таквите процеси на обработка, се конзервираат и стабилизираат со останатите состојци, така што сосема ги губат своите природни својства.

Водилка нека ви бидат сертификатите на производот! Вистинската природна козметика мора да задоволи одредени стандарди. Секој производител кој ги исполнува тие стандарди радо со тоа ќе се пофали и на своите производи ќе го истакне сертификатот на реномираните институции.

Сертификатот ECOCERT е систем на контрола и сертификација на органско производство без употреба на хемија. Повеќе информации за тој сертификат на http://www.ecocert.com/

Сертификатот BDIH е гаранција за природното потекло, квалитетот и нештетноста на производот, кој се доделува според строги критериуми на Институтот BDIH. Додатни информации за ознаката на сертификатот BDIH се достапни на www.kontrollierte-naturkosmetik.de

Производителите кои во својата понуда имаат производи со сертификат на контролирана природна козметика има се повеќе, а најпознати се следните козметички линии: Dr.Hauschka, Lavera, Logona, Sante, Primavera i Weleda.

Што значи природна козметика?

Природната козметика го исклучува присуството на хемиски и синтетички конзерванси (парабен, формалдехид…), емулгатори, мириси и бои, силикон, парафин…Се користат најчесто рачно подготвени екстракти на лековити билки, билни и етерични масла, природни восоци, вода, алкохол настанат со екстракција на билки…Основата на козметичките производи кои со наведените компоненти ја прават целината е исто така со природно потекло. Процесот на производство мора да биде брз и едноставен за составот на крајниот производ да биде што поблизок на составот на билниот изворен материјал. Природната козметика не се тестира на животни. Амбалажата исто така мора да биде еколошки прифатлива.

Како опстојува без конзерванси?

Како конзервансите дејствуваат на природните антибактериски компоненти на производот-етерични масла, прополис и алкохол (природен алкохол), како и соодветни постапки при изработка и пакување (туба наместо тегличка или шишенце со посебен затворач). На тој начин се спречува контаминацијата на препаратот и се обезбедува долг век на траење на производот и до три години.

Како се постигнува извонреден квалитет на природната козметика?

Со употреба на самоникнати билки од еколошки чисти подрачја или биодинамички или органски одгледувани лековити билки што вклучува употреба на посебен компост, посебна обработка на земјиштето, производство на сопствено семе и сеење во одредено време, рачно берење (жетва) и селекција на билниот материјал во одредено време на годината и денот.

Според што природната козметика е специфична и зошто да се одлучите за неа?

Таа го следи биолошкиот ритам на нашата кожа и ги поттикнува самокорективните функции. Со оглед на тоа дека нашата кожа е одговорна за целиот организам, а освен тоа како орган има и сопствени функции, мошне е битно да се поттикне нејзиниот природен начин на функционирање, а не додатно да се оптовари. Кожата се третира како целосен орган и природните козметички препарати имаат задача да ги активираат нивните функции, во стремеж кожата да стане здрав орган способен самиот да надминува одредени неправилности.

Природната козметика не создава зависност на кожата и не доведува до појава на намалување наменето на учинокот како кај одделни синтетички козметички производи поради развивање на природна резистентност на кожата на хемиските состојци.

Филозофија на природната козметика

Природната козметика ги ревитализира и хармонизира духот и телото! Негата на кожата е многу повеќе од исклучиво физичко негување. Вистинската природна козметика ги почитува животните сили и природните ритми на кожата. Ја препознава душата која е поврзана со духот и се одразува на човечкото лице. Верува дека разбирањето на начинот на кој кожата треба да се негува во иста мера е духовен и научен чин.

Преземено и преведно од http://www.prirodnakozmetika.com

Leave the first comment