Во опасност сме на секој чекор, во секој миг, постојано? Не, туку секогаш кога откриваме, создаваме, совладуваме или освојуваме. И тоа не подеднакво.
Во најголема сме во пресвртни, радикални промени. Сеедно дали се однесуваат на нас или на други.
Опасноста најчесто ја изедначуваме со загрозата. А не треба. Треба да ја познаваме и препознаваме најмногу како предизвик на храброста.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 151