65. Невидено
Разгори тело
на две камени срца
во студенина.
66. Камен во глина
Му дава живот
на глина безвремена.
Личи на човек.
67. Гола земја
На гола земја
легнала гола сила
во голи коски.
68. Гнездо
Гнездо и птица
под стреа на празен дом.
Без жива душа.
69. Шир
Чија шир била
за да биде некоја
несогледлива?
70. Застрашеност
Нешто неслучено,
се случува нешто
несомнено страшно.
71. Поглед
Не се знае зошто
пред сурово лице
со искричав поглед.
72. Никогаш
Не бил некој човек
во мрачна пештера.
Зарем ти прв сега?
73. Ако сега
Две реки пенливи
течат напоредно
кон езеро мирно.
74. Смирна
Легнала љубов
смирна во смирно време.
Чека нов живот.
СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови