Желба

Потребно време за читање: < 1 минута

Никој не може да има само една желба или да остане само на една. Секоја или продолжува во друга или по нејзиното (не)исполнување започнува нова. Најсетне е или само една од многу што таа, сеедно дали е исполнета или неисполнета, почнува да ги открива, да ги поставува, да го бара нивното исполнување.

Суштинското за желбата како нужност на човековиот опстанок е таа да не биде ниту преголема, ниту премала, а чие исполнување да зависи што помалку од други.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рфефлексивни искази, 149