Морал-Етика

Потребно време за читање: < 1 минута

Исправен човек човештина го крепи и ниеден ветар не може да го одвее. Таквиот живее, преживува, а ни живуркање многу не му тежи. Затоа што е човек наместо, затоа што во него е сè тамам.

Во секое општество вредностите и делата што го чинат, што го темелат, што го градат и надградуваат моралот се наметнуваат како услов без кој не се може, не се живее и не се опстојува. Во работењето-создавањето, се подразбира и во владеењето со себе и со други.

Да се биде морален, тоа значи да се промислува и домислува секогаш докрај. Да се биде искрен, чесен, со добрина во срцето, со добра мисла и чест, достоинствен и доблесен. 

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 142