ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXIII, 379-477

Потребно време за читање: 5 минути

379. Единствена можност на Интернет:
Целокупното мое мислечко и книжевно творештво е слободно достапно секогаш.

380. Го збудалеа светот. Отсега човек не ќе знае дали и кога нешто со него или на него ќе експлодира, та ќе го разнесе.

381. Лесно проверливо:
Во МАНУ (врвна македонска научна и уметничка институција) не постои мислител и творец како јас, со огромно мислечко и книжевно творештво! А не ни помислувам дека до крајот на животот можеби ќе станам нејзин член-академик.
Да, и кај нас и во светот има творци со пообемно творештво од моето (повеќе дела), но не толку и така разновидно.
Напомена:
Во наведениот број не се опфатени моите аудио дела, интензивно создавани повеќе од 50 години.

382. Сè нешто ми вели да не брзам кон последната животна и творечка цел.

383. Нека биде од тебе и кога нема да бидеш.

384. Меѓу ѕвезди како ѕвезда животворна.

385. Беше човек жив и остана човек мртов.

386. Пробивањето низ мрак изискува стамен чекор пред сè.

387. Последен збор во најдлабок молк.

388. Подобро во паметење да сме какви што бевме кога веќе не сме.

389. Јас ни ден без мало или дел од големо дело.

390. Упорит не во себедокажување, туку во одбрана на личната творечка слобода.

391. Човек му значи многу на човек.

392. Јас сум јас со моето дело. Со ништо друго.

393. Ме дружат одблизу и на далечина само блиски со мене.

394. Јас сум неприкосновена, непореклива, неприлагодлива, апсолутно слободна мислечка и книжевна личност.

395. Што очекувам скоро? Баш ништо. И не скоро, туку дури сум жив.

396. Многу си им важен штом ти идат на гости за да ти кажат како да им бидеш добар домаќин.

397. Нека биде по твое, ако сметаш дека ќе ти биде полесно.

398. Јас кажав. Ти докажи.

399. Празноглави и тапоглави политиканти на чело на политичка партија!

400. Од предолго коленичење не можеш да се исправиш ни со помош на оние на кои им коленичеше.

401. Создадов ново дело. Се радувам зашто си олеснив.

402. Рогови за меѓу рогови.

403. Љубов и страст, тело без страсти.

404. Условувањето и уцената се потврда на политичка некултура, простаклак и политика на сила.

405. Некогаш е подобро да игнорираш, одошто да влегуваш во костец.

406. Достоинството е секогаш поткрепено со чесност и доблест.

407. Животот пред крајот е меѓу како бил и како можел да биде.

408. Внатрешната сила на човекот ја сосредоточува и насочува неговата надворешна.

409. Тивко гасне последен зрак светлина.

410. Најтешки и најмачни чекори на човек: пред проодување и пред последна цел.

411. Те паметам убава и нечија.

412. Не, не наоѓам никаква лична причина, потреба или задоволство да се преведе мое дело во странство. Тоа просто не ме интересира.

413. Во последниве десетина години (осма животна деценија) објавувам мои мислечки и книжевни дела само на Интернет. Со задоволство.

414. Пак!
Не дозволувам да бидам застапен со мое дело во каков било избор од современото македонско мислечко и книжевно творештво.

415. Ако можевте без мене досега, можете и отсега.

416. Само духовен бедник не признава, одмолчува, унижува и ништи личност со непорекливо грандиозно мислечко и книжевно творештво.

417. Стараоста при ум е и опитност и умност.

418. Без мислечки и творечки личности нигде и за никаде.

419. Борбата против криминалот и корупцијата е во полн ек, а засега уште никој во затвор и враќање на украденото од народот. Засега?

420. Искрена порака:
Толку ми е наштетено во животот, што веќе никој со ништо не може да ми штети. Сè дол моето исчезнување.

421. Нема напред со задни намери.

422. Непријателот не познава, ниту признава човечност.

423. Искрен си, а знаеш дека твојата искреност ќе биде злоупотребена.

424. Штом ти е противник, он не е слаб.

425. Ме познаваше, ама не ме познаваш.

426. Не е добар живот кога здравјето е најважно откога ќе почне да се губи.

427. Не можат ни до тебе ни со тебе, а ни покрај тебе оти си им недостижен.

428. Не ни помислуваш на мене, а не можевме еден без друг.

429. Малку на шега.
Доброволен долгогодишен куќен притвор поради чесност.

430. Ако сум јас искрен, зошто и ти не си?

431. На старост најстамено е да си на свои нозе.

432. Имам многу години? Како за кого, а за мене доволно.

433. Не е важно дали сум близу или далеку, ако некогаш ме мислиш.

434. Воопшто не е тешко да се препознае гениј!
Тоа е човек кој животот го посветил на едно нешто и има нескротлива творечка енергија.

435. Кој разбра, разбра. Кој не разбра, можеби ќе разбере некогаш.

436. Сè ми е преку глава. Не сакам ништо да знам.

437. Војна-интерес, безумие, страдание, насилна смрт.

438. Скраја од душмани бедни и богати.

439. Од мене прочитано, па преземено, присвоено, а совреме неразбрано!

440. За нас едноставното дејствување и решавање е веќе ѓаволски тешко.

441. Може сè во наше време само со умност, ука и опитност.

442. Светот во беспаќе, а ние уште некое време кон знаено каде или никаде.

443. Или ќе продолжиш да играш или ќе дозволиш да те изиграат.

444. Се свестуваме ли дека мораме во борба со соседи-стрвни непријатели за идентитетски опстанок и за одбрана на македонството/македониумот/македонизмот?

445. Не си го трошете времето на докажување и убедување. Уште малку, па ќе немате време за дејствување.

446. Јас-мислител и творец за себе еден.

447. Непреболно минато свршено време на единствена непорочна љубов.

448. Македонија иолирана од наци-фашистичка и геноцидна ЕУ!

449.-За кого твориш?
-За мене.
-А за што?
-За ништо.

450. До толку се правите наудени, што тврдите дека Македонија е во самоизолација, а не во изолација!

451. Подобро за ништо, одошто за колку-толку!

452. Македонија треба да ги замрзне Договорот за непријателство со Бугарија и геноцидниот Преспански договор со Грција!
Не мислам „правно“, туку во исполнувањето на обврските во нив. На пример, Грција не го ни спомнува Преспанскиот, а и нема ништо исполнето од него. На пример, македонската „страна“ од „Заедничката историско-образовна комисија“ да се „пасивизира“.

453.Лично достоинство на мислител и творец, наспроти непочитување и непризнавање на негово грандиозно творештво, единствено на светот. Тој и тоа како да не постојат!
Ете затоа е како што ни е и сме на ова на што сме.

454. Од ден на ден сè поголема немоќ пред „стратешките партнери“ и нивните слуги мафијашки.

455. Заборавивме на свој пат до целта?! Или лунѕавме и лунѕаме по туѓи?

456. Во своја земја и за своја земја. Со мудрост, знаење и одлучност.

457. Велепредавничка опозиција со платенички мафијаши на чело.

458. Подлости, пакости, злост, секакви неправди и злосторства спрема човек човечен, безвременски мислител и творец со големо, неизмерно творештво. Достоинствен.

459. Знаат и разбираат, но не признаваат.

460. Сакам да заборавам, а тоа не можам да си го дозволам.

461. Тој никаде и со никого не е, па на него ни да се сетат оние што одлучуваат.

462. Од што зависи твојата зависна независност?

463. Ни трага ни глас од љубов незаборавна.

464. Не сум броел и мерел, но мислам дека целокупното мое досегашно мислечко и книжевно творештво би можело да се собере и отпечати во 10 томови-секој со по околу 3.000 страници.
Се разбира, кога би го дозволил тоа. Но, не дозволувам.

465. Кој помага-со него. Кој одмага-од него што подалеку.

466. Можеби ти не ни помислуваш на мене, но јас те мислам.

467. Ем се заборавивме ем не се познаваме.

468. Не единство со сила. Особено не со слабак.

469. Нескриено и докажано, а неказнето велепредавство!

470. По многу отстапки-веќе ниедна.

471. Ништо од радикалноста, „преку ноќ“ и нов почеток? Ништо штом „некој“ тоа треба да го одобри, поддржи, значи да е негов интерес.

472. И најсложеното се упростува за да се (раз)реши или надмине.

473. Сè се менува во ôд, па и мафијашкото и слуганско владеење.

474. Толку е обичен, што не се препознава замешан во луѓе.

475. Фала му на стар мудрец и творец дури за обична дружба со него.

476. Достоинство, самосвест и култура на мал, а голем исконски народ.

477. Да те видам, па и нека ме ослепи твојата убост.