НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 833-889

Потребно време за читање: 3 минути

833. Има траги на луѓе шо треба да се следат и траги на луѓе за забораање.

834. Биди достоен и дури стоиш во место. Поготово кога мораш да напрајш чекор-два назад.

835. Сакај го оној од кого ништо не ти је доста.

836. Радо сум со луѓе несопирливи.

837. Колај работа шо мораш совреме да ја сработиш.

838. Стар чоек си збори сам со себеси, длабоко мисли и се секира.

839. Дали си кога нигде не си?

840. Ја шо сакам сакам и никој не можи да ми напрај ништо да не сакам.

841. Најсетне заминаа откога запустија се. Да не дај Госпо да ги вратат запустуачите.

842. Од тебе ко од сите зависи шо ќе биди денеска за утре.

843. Уште не је за болење. Допрва ќе сетите шо значи да боли ако во мозоците не ви се збришало сетивото за болење.

844. Не бре, ич не се за жалење. Идиотлуко дебело си го наплатија од народо.

845. Можат маските, ама суратите не можат да си ги сменат. Можат да им ги сменат личните описи, ама не за власт ами за бегање и криење од народо.

846. Во многуте мои години не паметам поомразени властољупци, страховладеачи и апашишта.

847. Пак ќе местат, ќе наместат и ќе натурат власт од ними платена за крадење и уништуање на народ сосе негова држава? Па да, ако им се дозволи.

848. Сиктерисуањето мора да биди најпрво и најголемо.

849. Не смеј нито да се заборај, нито да се прости.

850. Скраја од богати луѓе со беден дух.

851. Будалио се мисли паметен меѓу будали.

852. Паѓањата и стануањата се многу во живото. До последното кога сам не можиш да станиш, а на оние шо те паднале им боктисало твојто падни-стани.

853. И шо отсега кога веќе не можите ко досега?

854. Најмачно је да си забораен од сите со тебе.

855. Изветреани се вртат од кај шо дува ветро.

856. Ќе биди тешко од денес, ама не можи потешко од до денес.

857. Ебати богаство без чоештина.

858. Неугаслива љубов оти је непорочна.

859. Кажи и предупреди совреме за отпосле да не можи ни да се поправа ни да се доправа.

860. И кога збориш едно те исто, не збори ко папагал ами ко чоек шо не сака да молчи.

861. Народе, па ли ќе им поверуаш на лажгите без опашки?

862. Не стој во заветрина и не гледај сеир. Време је да излезиш на виделина, да се свестиш и да си докажиш најпрвин на себеси оти си и ќе бидиш шо си бил.

863. Напред сал со докажани вистини и последици од ними.

864. Паднатио се брани оти никако не му оди во умо оти е паднат за веќе да не стани.

865. Цел живот најпрвин за убајни и љубови во живото.

866. Намачен во живот, намачен за живот, намачен од живот.

867. Ич не ми је гајле за утре сабајле на мојто дело.

868. А кој вели дека ја остаам трага во минатото на мојо народ со мојте дела?

869. Мене одамна не ми фали појќе од шо имам.

870. Според она шо им го остаам за утре, мојте потомци ја ќе ме паметат, ја брго ќе ме забораат.

871. Ма оди бегај шо подалеку од оваа небиднина.

872. Празнотија в душа крај пеплосано огниште.

873. Само да си ми здрава, љубов, па сè ќе стајме на свое место.

874. Тешко нам со изроди и неранимајковци.

875. Си заминуваат луѓе од нивна земја украдена од нелуѓе и слуги на туѓини.

876. Силници не можат против силни без понизни слабаци и предавници.

877. Ако је живуркање до умирачка, она нека дојди шо побрзо.

878. Си замина толку тивко, шо никој не разбра и не знај.

879. Не је надежно оти ќе биди поарно. Надежно је кога веќе не можи да не биди.

880. Не ми је сè право, ама не ми је ни сè криво.

881. Со мене можи секој шо некоаш можи и ќе биди без мене.

882. Треба да знајш за да разбираш и да те бидуа.

883. Просто решено отко ќе се реши.

884. Слушај и наслушнуај, гледај и догледуај.

885. Љубовта урива граници на нељубов.

886. Не оти не можам, ами и нејќам да те забораам.

887. Клетва:
Да им се сотрат семињата погани и отровни.

888. Од плачки до играчки сал чекор ослободуачки.

889. Или ќе ја биде или нема да нè биде!