СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 351-355

Потребно време за читање: < 1 минута

351. Трујачи

Се наредиле трујачи во круг
околу отруени и рамнодушни.

352. Косење

Се косам оти дише забрзано
детево игриво, а незаодено.

353. Крици

Пробивни крици низ болка
од смрт во заборав по смрт.

354. Обичен човек

Те гледа во очи и смее
дека не одиш кон цел.

355. Казна

Презрен од блиски и далечни
се снове меѓу искачени врвови.