318. Со премногу и предолго трпение ни нема спасение.
319. Саде страдание на народ од туѓински платеници и лигуши на власт.
320. Не оди бос по трнлив пат.
321. Зијан си ако немаш ќар од далавери.
322. На политичкио пазар саде алашвериши.
323.-Шо прајш?
-Си го гледам алот.
324. Шо прајме ако овие ги падниме, а со оние да не можиме да станиме?
325. Ич не је на арно неверуањето во себе.
326. Една љубов цел живот. Поготово на стари години.
327. Да не е никој во твојта гола кожа и коска, јаднику.
328. Чоек можи секако со чоек.
329. Комши, зошто си се обѕидал со ѕид до небо? Да не нејќиш да сме комшии, ама мораш?
330. Се секирам како ли издржуаш ко туѓин во некогаш твоја земја.
331. Се чудам како ли успеавте да разурните и расипите баш сè соградено и напраено од оние пред вас.
332. Продаени души за пусти пари.
333. Многу мачно и страдно за опљачкан и разнебитен народ од изроди на власт.
334. Власта треба да има најголем уплав од бедни стари на кои им је пукнат филмо. Ним живото им значи сè помалце.
335. Или ви је сакањето исто или еднио трпи појќе од другио.
336. Молчешкум си тераш не своја, а туѓа политика. Валкана, злосторна, окупаторско-асимилатроска.
337. На крајо народо ќе ти го најди крајо. И ќе те фрли на буниште.
338. Се спуштил од гола планина на плодна земја црн орел ем двоглав ем стрвен.
339. Знајш за себе и за оној шо можи со тебе.
340. Од шо бараш шо не ти следуа, ќе изгубиш сè шо ти се дало.
341. Не се можи заедно со оној шо граба туѓо ко да било негоо.
342. Прајш од пријател непријател оти не сакаш да си му пријател.
343. Биди си шо си со секого со кого си.
344. Вака сега од вчера со вас не можи. А знајме со кого можиме.
345. Живуркањето е саде продолжено умирање. А Господ напрајл живот за секој да си го живеј.
346. Без вас можиме, со вас не сакаме.
347. Чоека го снајдуа заслужено.
348. Ќе ви се удри од глаа то шо ви ги помрачило умојте.
349. Чиста сметка саде за чиста работа.
350. Најпрвин со љубов да си таму кај шо си.
351. А бе ја не те мразам. Ја само не те сакам, а понекоаш и не те поднесуам.
352. Најсетне се разделуаме оти нема шо да делиме.
353. Штом не можиме заедно оти не сакаат, нека совреме си го фаќаат пато.
354. Уште од деца им ги расипуаат умојте, за цел живот да им бидат расипани.
355. Не трпам неправди, та ниту праам, ниту дозволуам да ми праат.
356. Ни нема враќање кога сме на крајо.
357. Ич не ни оди на арно работава. Туѓини ни праат по нивно за сè да биди нивно.
358. Изроди туѓи животи запустуаат.
359. Итри за будали.
360. Времево и собитијата ич не се за со добро против зло. Сè за добро да сотриме сечие зло.
361. Не смеј да ѝ се дозволи на платеничка власт да почни да страховладеј. Ако је натурена во држава со сите нишани.
362. Слободата се брани од секакви душмани со умност и дела.
363. Ако совреме не се сотре семето на злото, тоа по време пак ќе из`рти.
364. Било ко да не било зато шо не требало да биди.
365. Созреано је до пукање.