ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 216-220

Потребно време за читање: < 1 минута

216. По војна

Остана жив човек достоен и смирен.

217. Порака

Пеј за што било од тебе добро.

218. Еднаш

Било еднаш нешто неповторливо.

219. Уште

Уште, ама уште од тебе со мене.

220. Скришен

Скришен молк за незнајно утре.