46. Мафијашка власт
Здраво-живо народецу мој,
Сега сакам да ви поставам едно круцијално прашање, на кое после детално ќе ви одговорам:
Луѓе, дали знајте шо је то мафија? Шипинки знајте! Ма појма немате! Оти кога би знаеле, не само шо нашава не би била на власт каква шо је, туку првин неа би ја напрајле поднослива, па после сè друго. Сакам да речам би ја напрајле да ја има, ама да не ве болат толку глајте од неа. Е сега, тука се поставуаат две потпрашања. Првото је како можи мафија да биди на власт во држава ко калакурницава во која живејме, а второто зошто ти ко мој народец не се изборуаш да ја скиниш со сите средства шо ти стојат на располагање и при рака, та да ја напрајш поднослива ко шо је во сите развиени и најразвиени земји во свето на гнилио капитализам. Ај да си тргнам по ред…А да, пред да тргнам да дорасчистиме нешто шо сум ви го расчистил откога сум дедо Громче: од кај знам ја за мафијата колку шо знам, а знајте оти знам многу, поготово за мафијашката власт во општа и мафијашкава власт во посебна, да речам презизно во нашава смисла? Вие луѓе, ко народец мој, знајте оти нема нешто за шо не знам многу, поготово за она шо нè секира многу и шо ни је дојдено преку глаа. Одозгора на то, кога је зборо ко сега за мафијата на власт, таа је рак-рана на општествово, а државава ја прај да биди права калакурница. Заошто? Па поради зато шо ја на власт, ја до неа, ја шо подалеку од неа, таа мојт да владеј саде мафијашки. Ќе ви објаснам и детализирам за да биди појасно и шо подетално.
Ко прво и прво, мафијата прво почнуа, а брго по почнуањето продолжуа. Ја почнуа еден али два-тројца мафијаши врзани ем поврзани нераскинливо, најчесто роднински. Ќе напраат некој матен бизнис, а да не бидат фатени живи, ќе се обогатат стануајќи успешни ем видни бизнисмени, па почнуаат да го шират мафијаштвото од колено на колено. Го шират со сè подолги пипала и ако не бидат совреме пресечени, фатени, судени па напикани во темни, црни зандани, доаѓаат до врвојте на полит-бизнисменската олигархија односно до власта. Многу важно шо не смеј да се пропушти и заборај: мафија прво не почнуа со каква било далавера, ами со таква шо од неа скрито, поточно нечесно можи да се ќаруа не еднаш али два-три пати, ами толку долго шо власта да не можи да ѝ го најди крајо. Ко шо је бизнисо со дрога и продаање и шверцуање оружје, на пример. И ова во врска со ова: криминало и корупцијата се главните и најраширените орадија и оружја за јакнење на мафијашењето.
Ко второ и второ, одамна е докажано во сиот развиен и најразвиен демократски гнил капиталистички Запад оти кога пипалата на мафијата ќе достигнат до врвојте на полит-бизнисменската олигархија односно до власта и стануа зависносложена од неа, ако сака, ако оцени дека ѝ дошол правио момент, со помош на поголема и појака мафија од свето ја зема власта во својте пипала. И тогај државата и народо во неа стануаат зависносложени од неа, од најмало до најголемо, од најситно до најкрупно, па брго стануа права калакурница. При то најважно је оти акценато го става на судењето! Него го прај ко во турцко-кадија те куди, кадија ти суди, па стануа сеедно дали суденио је Анте али Антекурела. И шо? И ништо, поточно само едно нешто шо се знај од дамна, откога је почната првата мафија: мафијата на власт ја држи ко натурена на народо поголема, појака и пораширена мафија од развиенио и најразвиенио демократски гнил капиталистички Запад, а која си тера свој мафијашки бизнис ко стратешки партнер.
Народецу мој, ја ко твој дедо Громче најмногу и сигурен сум со тебе си удирам секирација баш со мафијата на власт ко шо је мафијава на власт. А бе луѓе, оваа веќе не се трпи, нито можи да се трај со неа! Само шо не ојдовме во бестрага. Ама мене најпојќе ме вади од такато то шо стратешката мафија, која шо ни ја натури на власт, нè прај ко да сме недоветни. Од една страна на сет глас, а наводно и со пари божем помага во борбата против корупцијата, која се знај оти по дифолт се врзуа за мафијата на власт, ко шо се вели стручно-експертски, а некои ја викаат висока и крупна за да ја издвојат ко рак-рана на општеството и државата; а од друга се сликуа со неа, па одозгора на то помага во договарање на ептен високи и крупни мафијашки зделки за нивната мафија. Ја стварно не знам дали имало и има во свето, особено во гнилио мапиталистички Запад поголемо лицемерие од ова! Ма гарант немало и нема, а богами и ќе нема во блиска и далечна иднина. А бре жива срамота! Невиден и нечуен резил!
На крајо од ова мое монологизирање сакам да си одговорам на прашањето: од шо најмногу се плаши мафијата на власт? Шо велите, тешко прашање за одговор? Како да не! Ништо полесно! Некој ми поставуа контра прашање: дали се плаши? Па то-плашењето на мафијата воопшто не се поставуа ко прашање! То је во нејзината природа! Да се плаши и да пази некој да не им се пикне во редојте, па да почни однатре да ги открива, да ги разоткрива и да ги растура. Од кого се плаши натурена мафија на власт? Се знај од кого: прво од нејзините натуруачи, после од чесните видни, мудри и учени заедно со простосрдечнио, чесен ем доблесен народ. Значи, да се вратам на од шо се плаши мафијава на власт,
Мафијава на власт се плаши од ненадејно надоаѓање на матната! Која ко таква ќе ја однесе во бестрага али ќе ја удајм, прибидејќи не је иста ко матнава во која ко власт научи да плива и пливајќи да ја доматуа. Можи да се случи да надојде ненадејно? Можи да надојде, ама никако не ненадејно. Зато шо матната се навестуа некое време со подзаскриени и подоткриени признаци. А мафијава на власт веќе гледа такви признаци. На пример, никако не ѝ успева да си даде точна прогноза на времето денес и утре, а камо ли задутре. Камо ли да прогнозира какво ќе биди подолго време. Со други мои зборој, кај мафијашиве на власт, во оваа калакурница растат неизвесноста и страво оти стратешката мафија од гнилио капшиталистички Запад совреме ќе ги дигни својте извалкани раце од неа и ќе си ги измие. Баш зато шо је голема и силна, впрочем ко шо ѝ прилега ко стратешка.
Никоаш да не се заборај: шо ќе кажи дедо Громче, кажано је!