АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 421-450

Потребно време за читање: 2 минути

421. Никогаш слободен затворен во себе.

422. Залудно е секој своја борба, ако едновремено не и наша.

423. Ќе гледаш напред откога ќе согледаш што се случува пред тебе и околу тебе.

424. Не може да се спречи? Може, ако се сака.

425. Стар бел предупредува уморно:
Луѓе мои, броени се дните до крајот без моја и ваша трага. Уште малку наше време.

426. Секое велепредавство за лично, бесрамно и бедно богатење.

427. Се ближи часот кога ќе узнам дека толку било од мене.

428. Не признаваш несомнена вредност на дело кое не го разбираш. Многу поразително за тебе.

429. Доволно сум голем за да не можат да ми наштетат мали.

430. Посегаш по туѓа земја зашто својата си ја запустил.

431. Соседи сме, тоа е непорекливо. Дека не сакаш да бидеме зашто сакаш да сум што си ти, тоа е одамна докажано.

432. Мразиш оти не му можеш ништо на послаб, а поголем од тебе.

433. Често ми идеш на сон, убост моја, откога нè порази грда стварност.

434. Нè оневозможуваат да се сплотиме зашто сплотени ќе бидеме посилни од нив.

435. Значи, „стратешките партнери“ на Македонија-Америка, ЕУ и НАТО жив уплав имаат од руско „влијание“, доколку не се измени Уставот-во него да се впише бугарското малцинство како државотвотен народ!
Види мајката!

436. Зошто Бугарите ги навредува нивното татарско-турко-монголско потекло?! Меѓу другите, тоа го докажа и нивниот врвен историчар Б.Д.!

437. Да не треба на македонските „експерти“ во Бугарско-македонската комисија да им се нацрта дела се велепредавници?!

438. Кога нешто не им оди според планот, Америте менуваат и продолжуваат. Што ако се откажат од „отворање“ на северџганскиот Устав?!

439. Прашање со чудење за сите Амери, од прв до последен:
Ви значи ли нешто тоа дека Македонија е ваш „стратешки партнер“?

440. Стар бел дедо од личен опит:
Слобода никој никому не му дава. Слободата првин се изборува, а потоа се брани со сите сили.

441. Одговори си искрено:
Си прифатил ли да им бидеш измеќар на абдали на власт?

442. Сегашнава власт прави што сака и што ѝ се може. Додека е власт. Кога нема да биде, ќе ѝ се прави сè според закони и по список.

443. Само во Северџганијава партиски давајгазовци куражат власт давајгазовска!

444. Со неверојатна брзаница стратешко-партнерските мафијаши, со „сесрдна“ помош на мафија на власт, ништат народ и негова држава.

445. Стар бел дедо:
Говорот на омраза е секогаш последичен. Никогаш причински, ниту причинско-последичен.

446. Нема и не може да има достоинствено заедничко македонско-бугарско чествување на македонскиот великан Гоце Делчев. Бидејќи е Макаедонец.

447. Недобрососедскиот непријател е волк во јагнешка кожа меѓу стадо овци среде село без кучиња.

448. Роден е голем човек, но не за мали луѓе.

449. Стар бел дедо им се обраќа на оние што не го сметаат за жив:
На моите најблиски им оставам аманет:
Најмалку 40 дена да не ја обзнанат мојата смрт (може и повеќе). Потоа ќе биде неважно ако се дознае.

450.-Не е во ред за тебе да е во ред што не е.
-И за мене не е во ред да е во ред што е во ред за тебе.