375. Да ти се сневиди сето богаство грабано и крадено од народо. И ти да се сневидиш сосе него.
376. Бедо една платеничка и предавничка!
377. Марш бре гогато чоече!
378. Престанете да се лажикте себеси. Никој не ве ни слуша, камо ли да ви веруа.
379. Властодржец на свои:
„Сега спасуајте ме вие мене, па после заедно ќе се спасуаме“.
380. Вчера беше, денес си, а утре можи да бидиш можи и не.
381. Вие шо ја знајте, кажете ѝ оти сум уште жив.
382. Сè помалу веруам во кога-тогаш.
383. Ја сега ние, ја ние појќе никоаш.
384. Џабе си збориш. Не им се слуша али не разбираат.
385. А бе чоечево се прај ко да не е одовде и ко да е наудрено?!
386. Нит` се чуло, нит`се видело досега збунет да онади негој збунети!
387. Ништо не чини оти сè праат како им чини.
388. Начисто ќе пропаднат во мрак без дно ако им пропадни валканово владеење.
389. До умирање ќе го носите на душа чоеко, проклети бездушници ниедни. Можевте, а не му помогнавте да оздравеј!
390. Да си знајте, народецо ништо нема да ви прости!
391. Опинок си и опинок ќе останиш. Ко шо е простако простак и на село и во град.
392. Ви иди крајо по кој никоаш појќе нема да ви се дај да почните шо било.
393. Неброени свинштини од властодршци шо саде јадат трици.
394. Многу е просто решението, ама е многу сложено да се дојди до него. Зато шо зависи најпрвин од решавачите.
395. Ако сакаш да најдиш зналец и мудар за власт, остај ја политиката. Тој е надвор од неа.
396. Ја не се откажуам ни од вчера ни од утре. А денес ќе мине и ќе биде тегобно, јадно и мрачно вчера.
397. Олесни си сам, чоече. Признај си дека не те бидуа и е готово со тебе.
398. Уште можам некако. До кога и до каде? До некоаш и до негде!
399. Никоаш не можи и не треба да биди ко шо било.
400. Многу ми требаш зашто не можиме еден без друг.
401. Виден политичар е достоен и доследен на себеси.
402. Самопочитта ја затврдуа почитта.
403. Се поклонуам на делото твое, голем чоеку.
404. -Тебе треба на раце да те носат, голем чоеку.
-А не! Уште сум на нога.
405. Плукни му се на живото шо го живејш со лажење, крадење и богатење.
406. Сака власт оти је слатка, а ич не је по слатко!
407. Секоаш не кажуам ново зато шо старо заборааме.
408. Никој и ништо не си без пари? А кој си и шо си со ними?!
409. Сработија многу за тебе, а ти ништо за ними. Па уште се жалиш оти си папсал од работа!
410. За шо толку бденија, несоници, возбуди и дела? Може сал за во моја празнина по мене.
411. Кај си? Во мојо жив свет.
412. Боли? Знам, ама шо да прајме. Белки ќе преболиш ко многу шо досега преболено.
413. Гасне сакањето по долго и многу шо сака нека биди.
414. Ме нема? Ако де, нека ме нема.
415. Досега доста со мене, отсега без мене? Не брзај. И то ќе биди.
416. Не прифаќам шо не чини оти нема поарно. Има секоаш и мора да има.
417. Нè има секакви, а пред нас и над нас сè појќе никакви.