38. За вадењето од контексто
Здраво-живо народецу мој,
Ја не знам дали и тебе ти праат некои исто ко шо им праат на некои од нашиве главни политичари ем политиканти на власт, ама мене лично и персонално сè појќе ме секира то шо то се прај или поточно им се случува некако сè почесто. И не само ними, ами и на помалу важни од ними. А бе просто се за греота. Стварно се коа ви вели дедо Громче! За шо стануа збор? За вадењето од контексто, лујѓе. Ко да едвај чекаат учените, експертите, аналитичарите, критичарите и новинарите некој од ними да кажи нешто шо не треба, не баш мислено и домислено, шо не је наместо али просто ќе им излета несакајќи од уста, и оп ќе се зафатат со вадење од контексто. Па кога ќе извадат…Ма џабе је шо се бранат со објаснуање оти то им је извајно од контексто, демек не рекле така али така не мислеле. Како шо тргнала работава со вадењето, помислуам и се плашам оти скоро ко одбрана политичариве и политикантиве на власт, особено главниве ќе почнат да изјавуваат, да одговараат и да ни докажуваат саде контекстуално. Стварно ви велам!
Се подумав малце со оваа актуелна општествено-политичко-политикантска проблематика и прво шо ми падна во памето ми падна она филозофсконо за шо је попрво од јајцето и кокошката. Ви текнуа, нели? Уште во основно и средно зареформирано и никогаш дорефорфмирано образовање, коа ќе сакаа да нè натераат да се задлабочиме во мислење, да почниме да филозофираме, прво шо им паѓаше на ум да нè прашаат беше шо је попрво; дали јајцето али кокошката. Па ај да те видам одгоори филозофски и правилно. Е сега да ви се пофали дедо Громче! Вадењето од контексто ми помогна да го решам тој филозофски проблем, да му го најдам чарето шо се вели!
Имено, вадењето од контексто је слично, да не речам а ќе речам дибидус исто со контексто меѓу шо је попрво-дали јајцето али окошката. Изваденото од контексто е помеѓу ними! Значи, со други мој зборој, попрво било јајцето али кокошката од контексто меѓу ними. А кој е контексто? Па петело, народецу мој! Тој и никој друг! Ептен филозофски од мене, нели? Нели сум ви рекол појќепати оти ни вчера ни денес нема поголем филозоф од мене, оти ја ко ќе фатам да филозофирам ништо по мене не остануа неизфилозофирано.
Ај да бидам дециден, ко шо се вели стручно-експертски:
Ако не се извај петело од контексто односно од меѓу јајцето и кокошката, тогај и на јајцето и на кокошката ич не им је гајле шо је попрво односно кој излегуа попрво на виделина. Со други мој зборој: ако меѓу ними не је петело за некој да го извај од контексто, тогај јајцето си је јајце, кокошката си је кокошка, и то је то. Свршена работа. Ама ако петело је меѓу ними, па некој го извај од контексто, е тогај …Шо тогај? Тогај никому ништо. Се знај како је: кокошката снесуа јајце, го квачи колку шо му треба време за да се испили, па пилето пеј дури не стани кокошка за да почни да кокодака, па ако је од несилките го чека петело качен на буниште за да ѝ напрај јајце…И така, ко шо иди редо. Сè по ред.
Сега да се префрлиме од филозофирањето во врска со вадењето од контексто на петело меѓу јајцето и кокошката, на вадењето од контексто во несакајќи кажано шо не треба, шо не је баш мислено и домислено, шо не је наместо али просто им излетало од уста на политичари ем политиканти на власт, особено на главниве, а учените, експертите, аналитичарите, критичарите и новинарфите едвај чекаат да се зафатат со вадење од контексто. Па кога ќе извадат нешто, тешко ними.
Ко шо је знајно, природно је кокошките несилки да не можат да несат јајце без петел. Не знам, не сум проверил на Интернето, дали можи без него, мислам дали можи вештачки, ама сега-засега природното си је природно нели. Со мој други зборој: не можи учените, експертите, аналитичарите и критичарите да вадат од контексто нешто шо не се знај кој петел го искукуригал то, нито кој се кокошките шо по то ќе снесат јајце. Прво просто оти не је интересно, а второ просто не смејме да генерализираме, ко шо се вели стручно-експертски, односно има политичари ем политиканти на власт на кои не мојш да им извајш ништо од контексто. Исто ко шо има такви меѓу кокошките, петело и јајцата. Со мој трети зборој: секој политичар ем политикант кому можи да му се извај од контексто је ко петел на буниште шо им кукурига на кокошки оти му дошло време за праење јајца со ними. То ќе речи исто така оти штом на таквио му се вади ретко али често од контексто не је нито за политичар ем политикант на власт, а камо ли за петел за односи со кокошки несилки во политиката, во најширока и најтесна смисла. Се разбираме? Ја мислам да, ама ај да си докажам за да ме доразберите:
Прибидејќи вадењето од контексто на мисленото а недомисленото, на кажаното а недокажаното је намерно, најчесто злонамерно, сакам да речам оние шо вадат од контекст на тој шо му вадат му фатиле нешто за кусур та едвај чекаат да го начекааат за вадење, политичарите ем политикантите на власт, особено главните, ама и други шо им се блиски а слични, али се далечни а исти како ними, треба секоаш да бидат прецизни, јасни, децидни, баш буквалисти-од збор до збор и од запирки и други интерпункциски знаци до точки. А не ко шо најчесто праат: мавтаат со рацете и прстите ко да диригираат, ко да им фалат зборој или грешат при читање на напишано. Некој од ними напати и д`ткаат! Шо, пак, душа дало за вадење од контексто на кажаното али напишаното.
И да не се заборај од мене уште ова за петело, кокошката и јајцето во филозофска смисла, можи је потопчно да се кажи во политичка, особено кога петело ќе им се извај од контексто: тројцата, и јајцето дури је јајце и кокошката дури го квачи и петело дури кукурига на буниште, се неписмени али полуписмени, неучени али недоучени. Шо ќе речи им је важна само власта односно нивнио дел од живинарскио свет, па ретко нешто од кажаното им је писмено и учено. То значи оти и изваденото од контексто им је најчесто ко кокодакање и кукуригање.
Ја ко ќе кажам кажано је!