ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Потребно време за читање: 4 минути

33. Ја ко бизнисмен

Здраво-живо народецу мој,

Ако за нешто ми је најкриво од годињето коа бев на врво на снага и знајне за бизнис, најкриво ми је шо не станав макар мал, ама успешен бизнисмен. Односно не влегов во водите на бизнисменството. Коа помислуам на тие годиње, ми иде да пукнам од најкриво! Заошто не влегов и не запливав во тие и таквите води? Случајно! Ама ич не се зафркавам, стварно случајно не станав не обичен, не стандарден, не просечен, ами супер бизнисмен…Сега не ќе бев шо сум ко дедо Громче. Шо ќе бев? Па, во најмала рака или нога не би бил пензионер, ами уште ќе си бев активен бизнисмен, политичар, полит-бизнисмен али политикант. Прибидејќи, ко шо се знај, бизнисмените и кај нас, ко шо је секаде во бизнисменскио свет, се во бизнисо и политиката доживотно. Дури и до моменто коа свечено, со плех музика и проштални говоранции на врвни нему најблиски и блиски бизнисмени, политичари и политиканти не го сместат  во два метра под земја. Да бе, баш така! Ве стајв во тотална збунка? Ја никоаш никого не остаам, а поготово не сакам да ве остаам такви вас шо ме дружите мене ко дедо Громче, па ај да се конкретизирам.

Ко шо реков, бев на врво на снага и знајне за бизнис коа решив да станам бизнисмен. Баш во то време кај нас бизнисмените добија такво значение шо го немаа ни тогашните директори и директорчиња, а ни политичарите и политикантите. Ко во нивни раце да беа клучејте на приватизацијата на сè живо и диво. Која, ко шо е добро познато, беше главен предуслов за влегуање на земјичкава во првобитнио капитализам. Коа сеа, дури со не малу самосожалуање, самокривење, па и нервозација се сеќаам како и заошто не успеав, најсетне заклучуам оту главен фактор на мојо неуспех е шо и со знајнето и со искуството и со замислуањето бев каде-каде понапред од друзите шо преку ноќ стануаа тазе бнизнисмени, политичари али политиканти. Поради зато шо државичкава ни немаше време за чекајне. Мораше неа и ние со неа под итно да ја транзитираме, да ја трансформираме, шо се вели да ја стајме на колосеко по кој се вози кон развиенио демократски капитализам. Шо велите? Немало и нема таков капчитаслизам? Ја го измислуам? А бе ај! Сеа-засеа само ќе кажам: ебати капитализмо шо не е демократски. Велите нашиов е баш таков? Па зато шо ни е, и државичкава и ние сме на ова дереџе. Другпат ќе ја проблематизирам, промислам и монологизирам оваа проблематика.

Шо ми беше зборо?…А, да, заошто и како не станав бизнисмен, политичар али политикант, та сега сум само дедо Громче. Не на пример дедо Господин Громче. Да ви кажам без да вртам наваму-натаму: прво зато шо во бизнисо се залетав ко вол во зелка, а второ оту бизнисо ко бизнис го третирав дибидус наивно. Ко чесен и при то искрен, најпојќе со чисти сметки и долга љубов. Исто мислев и за политиката и политикантството. Да бе, лујѓе мои, дури и политикантството го мислев такво.

Нема потреба да бидам конкретен, во кој и каков бизнис се залетав, само ќе кажам оту беше креативен, иновативен и со самото то мошне перспективен. Зато шо поради факто шо при секое конкретно навраќање се кривам себеси оту дозволив да се покажам ко вол во зелка. Откоа не успеав ко бизнисмен ми требаше време да се соземам, да се средам, да се суредам. Се снајдов некако кај еден прекуноќен бизнисмен, мој дамнешен познајник. Ми се смилуа чоеко, ме направи прво вратар, па после ме пикна во администрација,  во заветрина шо се вели, и така, фала му на Господа, истуркав некако до пензионирање и пензиичка. Не бе, не се жалам. Така ми било пишано и то је.

Шо ми беше зборо?…А да, заошто и како не станав бизнисмен. Си признав и морам да ви признам, лујѓе, оту разбрав, се свестив шо се вели задоцнето. Коа веќе не можев да го опраам бизнисо, да не ми пропадне, да останам барем од ситните бизнисменчиња кои се без амбиција по време да се окрупнат. Пропаднав ко бизнисмен поради зато шо не знаев оту во првобитнио капитализам не се влегуа само ко таков, ами едновремено најмалу со трите главни ко едно: ко бизнисмен, ко политичар и ко политикант. Право да ви кажам, ја до ден-денеска не знам бизнисмен кој не е и другото и третото.

Малу да се попраам: најмногу и најпојќе време можи да бидиш бизнисмен ако си најпрвин и најпосле политикант. Белки знајте шо је то политикант. Ако не знајте, еве да ве научам накусо, сал во два-три збора:

Политиканто ви е чоек што тера своја дневна политика, која ја тера за лични ситни, а можи и малу покрупни интереси. Од сè друго шо се врзуа за него, најмногу се потенцира интригантството, ко шо стручно-експертски се нарекуа сплеткарството односно подметнуањето невистини. Разбравте, нели?

Значи, ако го земиме пред вид то шо је политиканто, јасно ви е заошто не успеав ко бизнисмен. Треба бре брате и сестро да те бидуа за то, шо би рекол ја ко дедо Громче да си роден со таков потенцијал. А вие, лујѓе мои, добро знајте оту ја просто не сум роден за политикант и просто не можам да се напраам таков. Особено не…да ги спомнам?…Не можи да не ги спомнам криминало и корупцијата шо нив меѓусебно најмногу ги врзуа.  И да ви кажам прао, баш ми је драго. Нито можам, нито сакам да се замислам ко политикант за да бидам бизнисмен.

Сега можи некој се прашуа а зошто не станав политичар, па ко политичар да пробам да станам каков-таков бизнисмен. Зар не ме бидуаше ни за то? Како је можно со толкуа мое знајне на политиката ко таква, уште од млади дни докажан зоон политикон, ко шо би рекол мудрио Аристотел за политичкото чоечко суштество? Ќе си одговорам одговарајќи ви: со мојто знајне на политиката ко таква никој нема шанца да успеј ко независен политичар. Можи само ако си напрај своја пајтон али султан партија, во најмала рака мала чоек-партија. А шо исто така не можи без баеѓи пари, и то преди сè срански. Сакам да речам, никој не можи ништо да напрај без партизација. Можи само да бистри политика, ко шо сега бистриме ја ко дедо Громче и мојте другари и другарки од пензионерскио дом.

Пред да завршам, морам да си го доречам и да ви го доречам ова: ич не жалам шо не станав, односно шо пропаднав ко бизнисмен. Баш ми је драго шо никоаш не сум бил, нито сум политикант али полит-бизнисмен.

Ме разбравте и се разбравме, нели? Знајте, ама ја не забораам да си докажам на крајо:

Ја ко ќе кажам кажано је!

Leave the first comment