32. Годињето
Здраво-живо народерцу мој,
Ќе ви откријам нешто во врска со мене: ја коа мислам на мене, односно така да речам од немајкаде си праам на себеси психо-физичка анализа, ко шо се нарекуа то стручно-експертски, најчесто и најпојќе се задржуам на годињето. И одамна сум се заклучил оту како чоек стареј, така тие играат сè поголема улога во развојо, стагнацијата и назадуањето на старечката психо-физичика конституираност. Од друга страна, ја ко дедо Громче ич не се разликуам од секој друг дедо, односно ко возрасен и презреан. Па еве, ќе зборам есенцијално односно суштински.
Прво вака ќе се заклучам: како чоек стареј, сè појќе заостануа али стагнира, не ој напред али заостануа со тенденција сè појќе да подетинуа. Мислам на подетинуање во позитивна смисла. Шо сакам да речам?
Сакам да речам оту како чоек стареј сè појќе е ко дете и сè појќе сака да биди со деца. Поет шо пиши поезија за деца за таквата психо-физичка состојба знај да испеј песна потенцирајќи оту се разбудило детето во него. Мислам баш на то-на будењето на детето во старио односно возраснио односно презреанио. Да бидам искрен ко шо сум секогаш таков пред вас: во моиве годиње и ја ко дедо Громче појќе сакам да бидам детинест со деца, и то со шо помали, да се радуам со ними за шо било и со шо било.
На пример ќе земам пример од детинската играчка, сакам да речам од играњето на децата: играње демократија. Шо? Не ја знајте?! Ма то је невозможно! Знајте шо е демократија? Ја ко дедо Громче ви гарантирам оту знајте. Па то ви је исто шо и демократија во демократска држава; кога млади, возрасни и по некој дедо ко мене си играат демократија во трите власти истовремено али паралелно односно, шо би рекол ја по нашински, наспоредно-извршнуачката, законодавачката и судачката. То ви се игра вака: извршнуачката власт, шо ја игра односно, ко шо се вели демократски односно стручно-експертски, ја практицира Влада со еден ко премиер, неколцина ко негој заменици и еден прв од ними, како и министри шо можи појќе, а шо зависи од бројо на децата во играчката, решава да прај тендер во четири очи. Можи и во триипол, во зависност од то шо треба да се прај, гради, приградуа или доградуа. Знајте шо је то тендер, нели? То ви је догоорено опаруање на некој проект со некоја ними блиска, обично роднинска фирма али компанија; на брат, прв брачед, втор брачед, можи трет, можи четврти, петти, шести, а можи на жената му али на швалерката му на некој од ними која со судни маки успеала да си напрај бааѓи црн фонд. Тендеро обично се прај во тесни али малу пошироки партиски рамки, па зато играјнето продолжуа со ѓоамити јавени појќе фирми али компании. После се отвораат понуди јавно и јавно се избира избрана најповолна, всушност едната ко најповолна. После? Е, паа нема шо после. Играта продолжуа во втората власт шо се вика мнозинско-немнозински парламент. Таму се расправаат конструктивна позиција и неконструктивна опозиција дали тендеро е спроведен демократски, со акценто на то Владата да се прај наудрена, ко ѓоамити е сè по закон и процедура. А третата власт-судската, која е ептен демократска прибидејќи сè живо и диво таму е партиско, е на штрек да не се најди некој од опозицијата и да тужи, па да мора колку можи појќе време да си прај занимација со судски процеси. И така. Оваа детинска играчка најчесто се игра во почетна детска фаза. Во неа, пак, најмногу се игра ептен демократски и играта шо се вика корупција и криминал. Има и една игра шо ја играат ептен мали деца и возрасни во годиње, а се вика демократски избори, ама знам оту и таа знајте како се игра, па за неа да не арчам зборој.
Ќе ви признам едно нешто, лујѓе: според годињево шо ги имам собрано во снагава и во умо, ја сум со помалу ум детинест односно поретко подетинуам, а почесто и појќе сум во играчки со млади. Поради то се најдуам во прилично незгодни играчки ситуации. Ве гледам ко збунети, па ај да бидам конкретен.
Мислам на заљубуањето. Не реков на љубовта, ама некоаш и во неа заглавуам. Засега при то навреме се пресекуам, се сепнуам, ко шо се вели не си дозволуам да се удаам во неа односно таа да ме ничкоса наземи. Да не ви треба примеросуање на некоа од тие играчки? Ја сум длабоко и плитко, широко и тесно убеден оту не ви треба. Добро ги знајте сите, сте ги играле али ги играте, и ви гарантирам оту ќе ги играте уште, без оглед на годињето. Ја во кратки црти ќе ви ја откријам последнава на мојве години кои ми се веќе баеѓи на број, та од дамна не ги бројам, нито ги испраќам ко стари истовремено дочекуајќи нови.
Ја и Крстана, пензионерка во пензионерскио дом, тука е негде на мои годиње, се вативме во заљубуачка игра! Велите то не можи да биди прибидејќи заљубуањето не можи да се игра? А бе ај не се зафркавајте со мене. И то како можи, само ако се има на ум она шо го потенцирав на почетоко: како чоек стареј, така годињето играат сè поголема улога во развојо, стагнацијата и назадуањето на старечката психо-фиичика конституираност.
Се вативме во заљубуачка игра и толку ни стана убаа шо просто се занесуаме во играјнето и при то не знајме ни колку е саато. Право да ви кажам, знајме да почниме и да се топиме во заљубуањето. Па благодарение на то шо ја сè почесто влегуам во детинеста фаза односно подетинуам, навреме ја пресекуам играта.
Баш пред некој ден, испраќајќи една стара и истовремено дочекуајќи нова од моиве годиње, ѝ велам на Крстана:
-Крстано мори, дај побрзо заедно да влезиме во пубертетска фаза и да престаниме со играјнево заљубуачко.
А таа ме пресече со поглед на две полојни и ми одгоори строго:
-Шо ти фали во играјнево, дедо Громче? Имајќи го предвид моето искуство од времето ко бев мома и угледна госпожа, најубо му е на чоек ко се топи од заљубуање и ко ќе си дозволи да се удај во љубов, односно таа да го ничкоса наземи.
Ѝ одгоорив шо ќе биди нека биди и…ќе видиме до кај ќе ја тераме заљубуачкава игра.
Не забораајте:
Шо ќе кажи дедо Громче, кажано је!