146. Мое дело
Дише, расте, игра, сони
и гласно и громогласно.
147. Занесно
Чекори бавно, чекори тивко
љубов во простор и време.
148. Грижна сенка
Прелетува грижна сенка
над предци и потомци.
149. Деца
Збрани деца под ѕуница
никој срца да им разигра.
150. Гробно место
Гробно место запустено
за нова смрт бездомничка.