ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

14. Заедно

Бевме заедно кога земјава
во која се вкоренивме,
јас жив на сончевина,
ти жива со убавина
што извира од рамнотежа
на сон и јаве.

Сме заедно кога земјава
во која
никнаа наши огништа
дамна угаснати од немост,
а за да се возобнови искра
во рани зори,
во самрак,
во полноќна слобода
до нова љубов безмерна;

меѓу две пустоти,
меѓу две плодности.

Leave the first comment